Соловецки лавиринт
Legion MediaПокрај Русите, зад Северниот поларен круг живеат и претставници на 40 автохтони народи на Северот. Тоа се Ненците, Самите, Чукчите, Енците, Нганасаните, Јукагирите и многу други. Жителите на северот ги негуваат обичаите на своите предци кои ја почитувале моќта на природата. На Арктикот останале и голем број древни светилишта каде некогаш се изведувале традиционални ритуали. Луѓето и денес доаѓаат на некои од тие места и бараат поддршка од невидливите сили.
Планината Шајтан, езеро Лама.
Павел КузмичевЕзерото Лама во Краснојарскиот крај не е населено. Има само неколку туристички кампови. Од тука обично тргнуваат рутите до непристапното плато Путорана.
Од памтивек, источниот, најоддалечениот крај на езерото бил место на моќ. Таму се пронајдени дрвени евенкиски тотеми, а кружат приказни дека кон крајот на 1930-тите тука живеела последната евенкиска шаманка. Тука постои и планина на која можете да се види Шејтановиот лик.
Северните народи ги доживуваат водата на ова езеро и неговите брегови како свети и веруваат дека езерото Лама ги исполнува желбите.
Порано овде живееле други народи за кои практично ништо не се знае. Тука во средината на 1970-тите се пронајдени предмети од бронза, а најстарите ископувања датираат од XVIII век п.н.е. Меѓу нив има и ритуални предмети. А на различни места се пронајдени и градби од мегалитски обработени блокови.
Повеќе за езерото прочитајте во нашиот прилог!
Китова алеја, Итигран, Чукотски автономен округ
Вера Костамо/SputnikДалечниот остров Итигран во Беринговото море е познат како најстарата населба на Ескимите, познатите ловци на китови. До 1940-тите тука беше селото Сикљук, чии жители се преселија на копното. Во негова близина научниците за време на експедиција во 1970-тите ја открија „Китовата алеја“. Настанала во периодот помеѓу XIV и XVI век, но нејзината намена не е позната.
Алејата се состои од два реда коски на сиви и гренландски китови, а долга е околу 500 метри. Коските се поделени во неколку групи и поставени по одреден редослед. Големината на структурата е неверојатна: коските достигнуваат висина од 5 метри и тежина од 300 килограми, но во исто време сите се цврсто закопани во земја. Има и черепи од китови и јами каде што се чувал уловот.
Некои експерти сметаат дека оваа алеја била светилиште на Ескимите, ловците на китови. Други велат дека ловците на тие коски ги сушеле своите чамци, а за черепите ги врзувале.
Седумликиот идол, Вајгач
Sevprostor (CC BY 4.0)Во Ненецкиот автономен округ меѓу Баренцовото и Карското море се наоѓа островот Вајгач. Ненците го третираат како свето место. Патниците уште во XVI век тука пронашле стотици идоли, а до денес се зачувани околу петнаесет камени. Најверојатно на ова место северните народи им принесувале дарови на духовите и за возврат барале среќата да ги придружува во ловот и риболовот.
Интересно е што островот не бил населен сé до 1930-тите, иако се знаело за неговото постоење. Користен е само како попатно место за одмор. Со почетокот на индустријализацијата во овие краишта геолозите пронајдоа наоѓалишта на руда, па така се појави селото Варнек, кое го доби името по еден поларен истражувач. Во рудниците првенствено работеле затвореници. А во 1938 година рудникот морал да биде затворен бидејќи рудниците почнале да се полнат со вода. Денеска во селото живеат околу стотина луѓе.
Островот Столб на устието на Лена во Лаптевско море.
Марк Редкин/SputnikНа самиот север на Јакутија големата сибирска река Лена се влева во Лаптевското море на Северниот леден океан. Во нејзината делта се наоѓа островот Столб на височина од 114 метри. Народот Јукагири го смета овој остров за свето место.
Според нивната легенда, островот го создал шаман на местото каде неговите непријатели му ја убиле ќерката, а душата на девојката тука може да им се јави на луѓето. Затоа, кога поминуваат покрај островот, во него фрлаат бонбони или парички за да ги „одоброволат“ духовите. Инаку, денес истото го прават и туристите кои ретко ги посетуваат овие зафрлени места.
Камените лавиринти на Големиот зајачки остров во Архангелската област.
Иљја Тимин/SputnikНајголемите камени „вавилони“ (така локалните жители ги нарекуваат овие лавиринти со спирален облик) се наоѓаат на Соловецките острови, иако слични градби може да се сретнат и на други места на Рускиот север. Над Северниот поларен круг најпознатите лавиринти се наоѓаат во близина на градот Кандалакша и селото Умбе во Мурманската област. Сите камени лавиринти во Русија се наоѓаат во близина на вода - или на острови или на устието на реки (но ниту еден во близина на езерата!).
Систематските описи на северните лавиринти датираат од почетокот на XIX век, иако се споменуваат, на пример, уште на средината на XVI век во некои преданија. Најкомплетниот опис на Соловецките лавиринти го составил етнографот Николај Виноградов во 1927 година. Научниците сè уште не знаат за што служеле. Многу современи истражувачи веруваат дека таквите камени структури имале ритуално значење.
Повеќе детали за камените лавиринти дознајте во нашиот прилог.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче