Езерото Лама: мештаните веруваат дека исполнува желби

Павел Кузмичев
Човек од мегалополис ќе помисли дека арктичкото езеро Лама на висорамнината Путорана е сосема пусто и диво место. А некогаш одамна, во далечната праисторија, овде живееле луѓе од непозната цивилизација. Го посетивме ова место и го истражувавме за вас.

„Езерото Лама навистина ги исполнува желбите, но често на некој свој начин“, нé предупредува водичот Јуриј.

Езеро Лама

„Една група пловеше со чамец и туристите рекоа дека би сакале да останат на езерото малку подолго. Набргу задува силен ветер, брегот го прекри магла и мораа да поминат уште неколку часа на вода, па дури потоа се вратија во одморалиштето“.

Езеро Лама

Лама е „домашно езеро“ на жителите на Норилск, град на северот од Краснодарскиот крај, над Северниот поларен круг.

Езеро Лама

Од таму до Лама има 120 километри, т.е. околу 4 часа пловење. Норилск е и почетна точка за љубителите на адреналинскиот туризам кои одат да го освојат тешко пристапното плато Путорана.

Езеро Лама

Среде безбројните путорански езера, водопади и планини, Лама се издвојува по убавината на пејзажот и проѕирната вода, но и по мистичната атмосфера која ги привлекува романтичарите и сонувачите.

Езеро Лама

По трагите на древните цивилизации

Во превод од евенкиски, „Лама“ значи „голема вода“. И таа вода е навистина голема. Додека пловевме, ехосондерот на бродот покажа длабочина поголема од 200 метри, и големи процепи со уште поголема длабочина.

Езеро Лама

Научниците сè уште не ги истражиле тие длабочини бидејќи езерото е тешко за проучување бидејќи е опковано со мраз во поголемиот дел од годината, а станува достапно дури кон крајот на јуни. На картата се појави дури во 1921 година за време на геолошката експедиција на Николај Урванцев.

На Лама нема населби и патишта. Се верува дека племињата Евенки, Нганасани и Долгани се автохтони жители на овој крај. Најоддалеченото, источно ќоше на езерото отсекогаш бил место на сила. Таму се пронајдени дрвени евенкиски тотеми, а кружат приказни дека на крајот на 1930-тите тука живеела последната евенкиска шаманка. Пред Евенките овде живееле други народи за кои практично не знаеме ништо.

Езеро Лама

Советскиот археолог Леонид Клобистин кон средината на 1970-тите спроведе неколку експедиции на бреговите на локалните реки и езера. Тој откри дека висорамнината Путорана пред три или четири илјади години била населена и дека луѓето веќе користеле предмети направени од калајна бронза, многу стара метална легура. Научниците пронајдоа и фрагменти од ножеви, садови за топење метал и бронзени плочки. Најстарите бронзени артефакти на Арктикот се пронајдени токму на висорамнината Путорана и датираат од XVIII век п.н.е. Анализата на бронзата покажа дека тамошните мајстори користеле самороден бакар од норилските наоѓалишта.

А што е со другите материјали? За изработка на легури се потребни и олово, бизмут и антимон. Се покажа дека тие биле носени од други подрачја на Сибир, што значи дека бронзените леарници во одредени региони биле меѓусебно поврзани. Не е познато зошто овие подрачја опустеле.

Место на сила

Бунисјак

Денес тука се наоѓа туристичкото одморалиште „Бунисјак“. И тоа не е обично одморалиште.

Бунисјак

Неговиот Олег Крашевски веќе половина век собира стари носии, предмети од секојдневите и ритуални симболи на северните народи.

Олег Крашевски

Тој отишол на едно патување со Хлобистин и смета дека научникот влегол во трагата на друга цивилизација. Крашевски сè уште се искачува на најоддалечените делови на платото до кои може да се стигне. Тешко е да се најде човек кој го познава овој крај подобро од него.

„Овде најдовме многу древни урнатини, некакви остатоци од древни темели направени од мегалитски обработени блокови“, вели тој. „Тука некогаш животот цветал“.

Олег Крашевски

Олег по образование е геолог и експерт за ловишта. Долго време работел во Научно-истражувачкиот институт за селско стопанство на Далечниот север. Тој е еден од иницијаторите за основање на резерватот Путорана. Објавил 16 научни трудови и 3 монографии. За него Нганасаните велат дека тој е нивниот бел шаман. „Мојата амајлија, знакот на шаманите на нгасанскиот род, е многу стара“, вели тој. „Таа амајлија ја добив од предводничката на еден род по женска линија. Таа ми даде и неколку други работи кога ѝ ја излечив раката“. Верувале или не, но во текот на целиот ден што го поминавме во различни одморалишта на Лама, само кај него не нé нападнаа комарци и штркели. „Се договорив со нив“, ни објасни тој.

Средба кај водопад

Нералах

Отидовме со водичот Јуриј до водопадот Нералах. Тој е бучен и таа врева се слуша од далеку. За да се доближиме до него, требаше да поминеме неколку стотини метри со стрмни искачувања и спуштања.

Нералах

Под нозете се тркалаат камења како да се живи и подготвени да се разлетаат на сите страни. Овде тие каменчиња се нарекуваат „курумници“. Јуриј објасни дека треба да газите само на оние камења кои се покриени со мов бидејќи се постабилни.

Водопад

Тој лично воопшто не верува во мистика и за секоја појава бара научно објаснување.

Водопад

„Никогаш во животот не сум видел толку многу виножита како овде. Изминатите месец дена ги гледав секој ден. Едно беше во вид на столб, друго свиткано, трето сосем право“.

Водопад

Тие феномени тој ги објаснува вака: на бреговите има места каде што жили на минерални карпи избиваат на површината и предизвикуваат аномалија во магнетното поле, а атмосферските појави на водата се предизвикани од големата разлика во температурата.

Водопад

Водопад

Но, ова место е, се разбира, многу моќно: „Луѓето овде доживуваат енергични препород. За северните народи ова место е свето. Овде многумина си замислуваат некаква желба“, вели Јуриј.

Зајдисонце

Времето нé послужи. Беше топло и ведро, а езерото беше целосно мирно. А претходниот ден беснееше бира со грмежи. Да дојдевме некој ден порано немаше да си поминеме добро.

Зајдисонце

Последниот ден зајдисонцето на Лама беше фантастично - се рефлектираше во водата како огледало.

Зајдисонце

А потоа се спушти најгустата можна магла.

Зајдисонце

Од неа излеговме дури кога стигнавме близу Норилск.

Зајдисонце

Додека патувавме и разговаравме за перспективите на локалниот туризам, реков дека би било интересно да поразговараме со оние кои дојдоа на Лама од далеку. И замислете, едвај се движиме и чекориме по тој курумник, кога наеднаш наидува група рибари, од кои едниот дошол дури од Нов Зеланд.

Зајдисонце

Се вика Владимир, вели дека е роден во Русија, но одамна живее на друг континент и прв пат доаѓа овде. Се зачудив моите желби се исполнија толку брзо, а водачот на нашата група Константин Викторович ме погледна и рече: „А што зборувам цело време?

Планина Шајтан

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња