Во VII и VI век пред нашата ера Грците почнале да се населуваат на северниот брег на Црното море, основајќи свои колонии. На полуостровите Керч и Таман, како и на западниот брег на Азовското море (Грците го нарекувале Меотида), настанало Босфорското царство, кое постоело до VI век од нашата ера.
Старите Грци сегашниот Керченски теснец помеѓу Крим и Таман го нарекувале Кимериски Босфор (а другиот, оној Босфор што го знаеме, Тракиски Босфор).
Остатоци од античкиот Пантикапеј во Керч
Clipper (CC BY-SA 3.0)Пантикапеј бил главен град на Босфорското царство. Основан е на полуостровот Керч на Крим уште во VII век пред нашата ера на територијата на современиот град Керч, поради што се смета за најстар град во Русија.
Влезот во царската гробница
Водник, Anatoly Shcherbak (CC BY-SA 3.0)Урнатините на грандиозната акропола, чиј главен храм бил посветен на Аполон, се зачувани до денес. Како и величествената царска тумба, гробница на династијата Спартокиди, која владеела со Босфорското царство.
Саркофаг од Мирмекија од колекцијата на музејот „Ермитаж“
Sailko (CC BY-SA 3.0)На територијата на денешен Керч има и други остатоци од антички големи градови и населби. Најголемите меѓу нив се:
Нимфеј (бил дел од Делскиот поморски сојуз и плаќал даноци директно на Атина),
Мирмекиј (во XIX век е откриена голема некропола на античкиот град во која се сочувани мермерни саркофази),
Порфмиј (одбранбен град кој го штител преминот преку Керченскиот теснец), Тиритака (во текот на археолошките ископувања се пронајдени бројни камени кади за солење риба).
Базиликата во Херсон (во позадина современиот православен Владимирски соборен храм)
Burliai (CC BY-SA 3.0)Урнатините на Херсон, или како што го нарекувале Грците, Херсон Тавридски („Таврида“ било името на Крим) е еден од најпознатите и најголемите остатоци од античките градови. Овој град на југозападот на Крим е основан V век п.н.е. Постоел подолго од другите антички полиси и населби, до XIV век, иако водел бројни војни.
Во Херсон се зачувани остатоци од антички театар, базилика, ѕидини на тврдини и други градби.
Античкиот театар во Херсон
Андреј Бутко (CC BY-SA 3.0)Херсон се наоѓа на територијата на денешен Севастопол. Спаѓа во малиот број градови директно поврзани со историјата на Русија. Се смета дека во 988 година кнезот Владимир овде го примил христијанството.
Кога денес ќе се каже „Фанагорија“, прво се помислува на марка вино и голема винарија. Меѓутоа, Фанагорија бил голем антички град на полуостровот Таман (денешната населба Сеној во Краснодарскиот крај). Основана е во VI век п.н.е. и се сметала за втора престолнина на Босфорското царство после Пантикапеј.
Во археолошките ископувања на некрополата во Фанагорија се пронајдени старогрчки садови во вид на сфинга и во вид на Афродита.
Фанагорија бил голем економски центар и богат град. Ископувањата на тој локалитет започнале во XVIII век и сè уште не се завршени. Овде се откриени остатоци од светилиште на Афродита, десетина могили со предмети од скапоцени метали, како и многу монети и други старогрчки артефакти. Во 2019 година, на дното на Таманскиот залив кај Фанагорија беше пронајден еден од најстарите воени бродови во светот, изграден во периодот од II-I век п.н.е.
Денес, Фанагорија е музеј-резерват. Можете да направите виртуелна 3D обиколка на локалитетот ОВДЕ.
Градот е основан во V век п.н.е. на подрачјето на денешна Анапа (Краснодарски крај). Името го добил по Горгип, братот на босфорскиот крал, кој го испратил за намесник. Претходно тука се наоѓало пристаниште, престолнината на државата на племето Синд, која влегла во состав на Босфорското царство.
Златни предмети од саркофаг од периодот од II-III век н.е.
Јуриј Абрамочкин/SputnikИскопувањата во Горгипиј открија цели делови од антички град. Сочувани се улици поплочени со камен и бројни подруми на куќи. Саркофазите и златните ризници пронајдени во криптите беа недопрени.
Овој град бил основан од доселеници од Босфорското царство во III век п.н.е. на североисточниот брег на Азовското море, во делтата на Дон (која Грците ја нарекувале Танаис). Денес тоа е Ростовската област.
Во Археолошкиот музеј во Танаис се чуваат глинени амфори пронајдени во текот на ископувањата.
Танаис бил голем трговски центар кој на номадите им продавал амфори со вино и маслиново масло, донесени од грчките острови (на прво место Родос) и други полиси. Градот имал утврдена цитадела, која требало да го штити од номадите, меѓутоа, не успеала да ги спречи честите напади и уништувањата. Во V век, по уште една инвазија, населението го напуштило градот кој престанал да постои.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче