Овој парк се појави сосем неодамна на местото на хотелот „Русија“ (оваа огромна зграда од советски тип беше застарена, па беше одлучено да се урне). На ослободениот простор буквално спроти Кремљ беше решено е да се направи парк.
Тој е комбинација на природна убавина и модерни технологии. Во паркот се наоѓа најголемата проѕирна структура на светот за креирање специјална микроклима наменета за растителниот свет, а на нејзината површина се поставени соларни батерии. Во паркот има и многу други „паметни“ системи.
Ова е најстарата ботаничка градина во Русија, основана уште за време на Петар I. Наречена е аптекарска градина, бидејќи таму првично се одгледувале лековити растенија.
Денес во градината расте сè што можете да замислите!
Нескучни сад (буквално „нездодевна“ градина) е дел од паркот „Горки“ во центарот на Москва. Според една верзија, градината го добила ова интересно име во XVIII век поради сопственикот на локалниот имот - кнезот Никита Трубецки, кој организирал разни забави за гостите.
Нескучни сад е најиздвоениот и „најзелениот“ дел од големиот парк „Горки“.
Царицино е комплекс од дворски градби од XVIII век. Обично архитектурата привлекува најголемо внимание на вакви места, но паркот не заостанува по убавина. Денес првобитниот изглед на паркот е максимално реконструиран.
Во него има музичка фонтана, центар за изнајмување чамци, специјално опремени зони за одмор со бесплатни лежалки, изнајмување тротинети и велосипеди. Се нудат и обиколки на паркот со електрични возила.
Се состои од 310 хектари шума на територијата на градот со тениски терени, центри за изнајмување чамци, луна-парк и голем број други забави.
Исто така, во паркот секојдневно се одржуваат разни активности: тренинзи за истегнување, танц, школа за диџеи, пеење и анимација во песок - и сето тоа потполно бесплатно.
Овој парк е направен со учество на јапонски архитект. Во паркот има павилјони во јапонски стил, мали водопади, езерца и мостови.
Некои билки се донесени од Јапонија. Градината е оддалечена од центарот, сместена на северот на Москва. Отворена е од април до септември.
Ова е парк со долга историја. Уште во XV век руските цареви доаѓале овде на лов со соколи. Оттука и името на реонот на чија територија се наоѓа паркот.
Денес, освен со пешачење по убаво уредени патеки, можете да се занимавате со вејкбординг, да се одморите покрај базенот или да организирате пикник во специјално опремената зона.
Огромниот зелен парк се протега по должината на брегот на реката Москва.
Тука, покрај стандардното изнајмување на велосипеди, можете да присуствувате на бесплатни вежби за медитација, да се зачлените во тркачки клуб, да играте одбојка на песок или да учествувате во рекреативно нордиско одење, па дури и да научите шпански.
Во паркот кој се простира на повеќе од 465 хектари има голем број детски игралишта. На пример, игралиштето „Град на птиците“ ги симулира условите за живот на различни птици, а „Панда-паркот“ е терен со екстремни рути за секое ниво на обученост.
На пет минути одење од паркот се наоѓа Переделкино - градот на писателите, во кој живееле и создавале многу познати автори од XX век. Денес, ова место е реновирано, па дури и прима нови станари - писатели, поети и преведувачи.
Некогаш на местото на овој парк се наоѓал благородничкиот имот „Студенец“, кој современиците го нарекувале „апсолутна Венеција меѓу парковите“ поради холандските езера со мали мостови.
Како и во другите паркови, и тука можете да пешачите и да се занимавате со јога. Во паркот има и простор за скејтбординг.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче