Пејзажниот парк „Хуамин“ беше отворен на почетокот на мај недалеку од метро-станицата „Ботаничка градина“ (рус. Ботанический сад) во близина на истоимениот деловен центар. Паркот зафаќа над 5,2 хектари, што го прави еден од најголемите паркови во кинески стил надвор од границите на Кина (и најголем во Европа).
Идејата за изградба се појави уште на почетокот на 2000-тите, но таа беше реализирана дури сега. Изградбата траеше неколку години.
Архитектурата на паркот опфаќа три зони: традиционални видиковци со со водена површина во средината, дел за прошетка со дрвени патеки низ шумата и дел наменет за администрацијата, чување на опремата за одржување и функционирање на паркот.
На влезот посетителите минуваат под арка со митски суштества од кинеските легенди и кинески фенери. Недалеку од главниот влез се наоѓа споменикот на кинескиот филозоф Конфуциј. Тука има неколку удобни видиковци и павилјони, каде во иднина ќе се одржуваат чајни церемонии и други манифестации.
Сите објекти имаат кинески поетски имиња. Езерото Линлун е Езеро на префинетоста, портата Цијун е Порта на пурпурниот облак, мостот Басјан е Мостот на осумте небеса и сл.
Најатрактивната област за фотографирање се наоѓа во близина на вештачкото езеро со врби, каде посетителот може да се чувствува како да е среде Кина!
Дали некогаш сте посетиле ваков парк?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче