Каде во Русија се најдолги белите ноќи?

Русија. Санкт Петербург. Празнично осветување на повеќенаменскиот комплекс „Лахта центар“ по повод Денот на Воената флота. Поглед од Лахтинскиот проспект.

Русија. Санкт Петербург. Празнично осветување на повеќенаменскиот комплекс „Лахта центар“ по повод Денот на Воената флота. Поглед од Лахтинскиот проспект.

Антон Галахов/TASS
Овој природен феномен, кога помеѓу зајдисонце и изгрејсонце нема мрак, туку само самрак, се јавува на географските широчини над 60°34'. И може да трае од неколку дена до неколку месеци.

Белите ноќи се една од летните атракции на Санкт Петербург, иако тој лежи малку појужно во однос на споменатата географска широчина. Официјално, белите ноќи овде започнуваат од 11 јуни и траат до 2 јули, но ноќите овде се многу светли од крајот на мај па сé до средината на јули.

Бели ноќи во Петербург. Троицки мост.

Во Јакутск (62,0° северна географска широчина) белите ноќи почнуваат кон средината на мај и траат до јули. Меѓутоа, летото е многу кратко, па дури и во јуни може да има снег и лед.

Јакутија

Во Архангелск (64,5°) луѓето имаат можност да уживаат во белите ноќи од 17 мај до 26 јули.

Бели ноќи над Пинега. Архангелска област.

А на арктичките географски широчини (над 66°33') белите ноќи се јавуваат пред поларниот ден, односно периодот кога сонцето воопшто не заоѓа зад хоризонтот. На пример, во Норилск (69°20') белите ноќи траат од крајот на март до крајот на април, а поларниот ден од мај до август.

Бели ноќи на езерото Ладога.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња