Како изгледа летото во Русија?

Виталиј Тимкив/Sputnik
Замислете, дури и на север човек може да добие убава боја на сонце, па дури и да поцрвени како рак, а во Сибир жештините честопати започнуваат порано отколку во приморските летувалишта на југот на земјата.

Запознај ја Русија

Еден од најчестите стереотипи за Русија е дека таму е секогаш студено, особено во Сибир. Вистина е дека руските зими се навистина долги и студени, со многу снег, но интересно е да се види какво е летото во различни региони на Русија. Погледнете ги овие фотографии направени во јуни 2023 година.

1. Москва

Жега во Москва

Московското лето е генерално многу пријатно, температурата се движи од +20 до +25 C. Кога е жега, асфалтот се полева од цистерни за миење улици, а жителите можат да се сокријат од сонцето во ладовината на бројните паркови. 

2. Санкт Петербург

Фотографирање на Исакиевскиот плоштад

Главниот настан на летото во Санкт Петербург се Белите ноќи. Ги привлекуваат сите романтични души и благодарение на нив овој град е особено убав. Санкт Петербург се наоѓа на брегот на Финскиот залив (Балтичко море), каде што дури и најтоплите летни денови често се комбинираат со дождливо време.

3. Калининград

На СУП-даски на реката Прегоља. Во позадина е Соборната црква во Калининград.

Калининградската област е најзападниот регион на Русија. Се наоѓа и на Балтикот. Летото овде е благо и пријатно, горештините се ретки, т.е. температури над +25 C. Малите градови околу Калининград се меѓу најпопуларните дестинации за летување и одмор на плажа.

4. Новосибирск

Плоштадот „Ленин“ во Новосибирск. Метеоролозите на 7 јуни прогнозираа дневна температура +36 до +38 степени, а ноќе околу +22.

Летото во Сибир е кратко, но многу топло, особено на југот на овој регион. Во Новосибирск, на пример, првата недела од јуни беше жешка, температурата се искачи на +35 C (а на некои места и повеќе). Вистина, тоа трае само неколку дена, но сосема е доволно за да добиете боја како на јужните мориња.

5. Омск ИЛИ Краснојарск

Одмор на реката Иртиш во Омск. Од 3 до 6 јуни високи температури до +36 степени Целзиусови.

Слична ситуација беше во Омск и Краснојарск. Но, иако е голема жега, неа лесно може да ја замени дождливо време, дури и со слаби утрински мразови. Во Сибир има места каде снегот преку летото не стигнува целосно да се стопи.

6. Нови Уренгој

Во Нови Уренгој на 15 јуни падна снег.

Жителите на полуостровот Јамал на северот на Русија се навикнати на ќудливо време. Таму и во јуни ненадејно може да падне снег, а во август се чести дождовите и утринските мразови. Вистинското „лето“ кај нив е во јули, кога температурата е стабилно над +25. Покрај тоа, од јуни до август е периодот на вистински бели ноќи. Сè на сè, интересни климатски услови.

7. Геленџик

Селфи на кејот на Геленџик

Краснодарскиот крај е најтоплиот регион во Русија. Таму и во зима ретко паѓа снег и температурата се спушта под нулата (можеби евентуално на планините). Во летувалиштата на Црното море сезоната за капење на плажите се отвора на почетокот на јуни, но водата допрва добро се загрева во јули, додека најтоплите денови се паѓаат во август.

8. Казан

Пред џамијата Кул-Шариф, Казански кремљ. Казањ, 7 јуни 2023.

На Волга месецот јуни е често студеникав, но затоа тука во јули настапува вистинско топло лето. Лете во Казан популарни дестинации се градот-остров Свијажск, древниот град Болгар и Сините езера („Голубые озёра“).

9. Перм

На брегот на реката Кама во Перм, 11 јуни 2023.

Обично на Урал, како и во Сибир, летото е прилично топло, а понекогаш е и многу жешко. Па сепак, ретко кој излегува од дома без јакна, бидејќи по зајдисонце во Перм и Екатеринбург е студено.

10. Владивосток

Многу жители на Русија се убедени дека Санкт Петербург е градот во кој паѓа најмногу дожд во Русија. Меѓутоа, метеоролозите не го потврдуваат ова. Најголемо количество врнежи е забележано на рускиот Далечен Исток - на Сахалин, Курилските острови, Камчатка и Приморјето. Во Владивосток, на пример, две недели во јуни врнеше обилен дожд, по кој следеа жештини со температура од 30 степени, а потоа повторно залади кога температурата падна на само +15 степени.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња