Бели ноќи во Санкт Петербург (ФОТОГРАФИИ)

Дворцовиот мост на Нева во бела ноќ на Санкт Петербург, Русија.

Дворцовиот мост на Нева во бела ноќ на Санкт Петербург, Русија.

Legion Media
Официјално започна најромантичната сезона во северната престолнина!

Во северните градови на Русија во текот на летните ноќи е светло како и преку ден. Тоа се таканаречените Бели ноќи. Овој период трае од неколку дена до неколку месеци, во зависност од географската ширина. Во Санкт Петербург ова е омилениот период на годината и најважната карактеристика на туристичкиот бренд. Погледнете како изгледаат Белите ноќи летото 2021 година во Санкт Петербург!

За разлика од Поларниот ден, кога сонцето не заоѓа 24 часа, за време на Белите ноќи тоа сепак заоѓа и настанува самрак, но тоа трае кратко и тогаш небото е исклучително убаво. Тоа обично се случува на географски широчини под Северниот поларен круг.

Феноменот што може да се види во Санкт Петербург официјално се нарекува „навигациски самрак“, бидејќи градот се наоѓа малку појужно во однос на границата на Белите ноќи (59° 56′).

Периодот на Белите ноќи овде официјално започнува на 11 јуни и трае до 2 јули, но ноќите во Санкт Петербург се многу светли од крајот на мај до средината на јули.

За време на Белите ноќи во градот се одржуваат секакви видови културни и спортски манифестации.

Една од најпознатите е морнаричката прослава на матурата наречена „Алови едра“ („Алые паруса“) и се одржува кон крајот на јуни.

Жителите на Санкт Петербург и туристите можат да го посетат музичкиот фестивал или да учествуваат во специјалниот ноќен маратон што се одржува тука уште од советски времиња.

Што може да биде толку впечатливо како кревањето и спуштањето на мостовите на Нева за време на Белите ноќи?

Или ноќната прошетка низ најромантичниот град на Русија?

Или уживањето во фантастично зајдисонце?

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња