Во областа зад северниот поларен круг летото пристигнува доцна, но нагло и бескомпромисно. Се чини дека до вчера правевте Снешко со вашите деца, а денес веќе користите крема за сончање и уживате во поларниот ден, кога сонцето речиси никогаш и не заоѓа.
Еден од најубавите феномени на арктичкото лето е цветањето на тундрата. Тогаш од под снегот што се топи избива прекрасно цвеќе со светли бои. Сезоната на цутење започнува околу средината на јуни (колку посеверно, толку подоцна).
Најпрвин тундрата, до неодамна непрегледна снежна белина, се претвора во зелен тепих од мек мов. А за само неколку дена таму се појавуваат ретки цвеќиња пробивајќи се низ студеното сивило на камењата. Животот буи насекаде!
Се зеленеат четините на аришот, цветаат цели полјани со љубичици, розов и жолт рододендрон. Тие во поларните краишта се исто што и кокичињата во Подмосковје.
Поларниот цвет на мужикот (Androsacea) изгледа како камилица, а сибирскиот дрвен цвет (Anemonastrum sibiricum) на нарцис.
Стеблата на виолетова јаглика често имаат „влакнест“ изглед. Природата им дизајнирала „бундичка“ за да ги заштити од студот (бидејќи летните горештини честопати нагло ги заменува ноќен мраз).
Покрај цвеќињата, на тундрата ѝ даваат боја и летните бобинки. Зад Поларниот круг лете се берат аронија, арктичка малина, мала брусница и мечкино грозје.
Иако се чини дека тундрата е насекаде тундра, нејзината флора се разликува во секој регион на Русија. Во поларната област на Урал во тундрата можете да видите ретки цвеќиња наречени „жарки“, популарно наречени сибирски рози. Нивните пупки навистина личат на рози, а цветот им е со огнено портокалова боја.
На Чукотка може да се најдат околу 400 видови мов и лишаи. Често се среќаваат и полиња со чемпрес од кој се подготвува чај (наречен и Иван-чај).
А на брегот на Источносибирското море, кое е дел од Северниот Леден океан, природата создава вистински чуда. Таму расте најобична камилица. Најсеверниот град во Русија Певек (69°42′) е познат како „град на романтичарите и камилицата“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче