Ако некогаш сте се запрашале каде на оваа планета можете целосно да се изолирате за никој да не ве најде, знајте дека тоа е Точка Немо. Само имајте го ова на ум: во таа точка нема ни копно, таму е апсолутна океанска пустина.
Точката во Светскиот океан што е максимално оддалечена од секое копно на Земјата се нарекува Точка Немо. Официјално се нарекува океански пол на недостапност. Беше пресметан пред 30 години од хрватскиот инженер Хрвоје Лукатела со помош на компјутерска симулација. Тоа место се наоѓа во Тихиот Океан на 48° јужна географска ширина и 123° западна географска должина. Од неа до трите најблиски копнени точки има 2688 километри.
„Направив сé за да дојдам до оваа точка, а сега, кога дојдов, ме обзема неподнослива досада. Најтешко ми е да сфатам дали сум уште жив“, вели капетанот Немо, главниот лик од познатиот роман на Жил Верн. Оваа далечна точка беше именувана токму по него.
Тоа на картата всушност не е точка, туку огромна водена површина од триесетина милиони квадратни километри. А точно е дека таму може да биде прилично здодевно. Се работи за вистинска морска пустина (се нарекува уште и џиновска мртва зона). Овде водните струи се такви што огромната водена маса се движи во круг и поради разликите во притисокот и температурата речиси и не се меша со другите води. Поради тоа водата овде содржи многу малку хранливи материи, а со самото тоа и малку фауна.
Вселенската станица „Мир“ во орбитата фотографирана од вселенското летало Atlantis STS-71, 1995.
NASAБидејќи е крајно изолирано, ова место е избрано да биде депонија за вселенски отпад. Ова е местото каде што се потопуваат сателитите кога ќе бидат отстранети од орбитата, како и вселенските станици и вселенските бродови. Во 2001 година таму беше потопена вселенската станица „Мир“ тешка над 140 тони и планирано е таму да биде потопена и Меѓународната вселенска станица кога ќе заврши нејзиниот работен век.
А како изгледа руската „Точка Немо“?
Хипотетички, таква точка постои и во Русија, со тоа што нејзината оддалеченост не се мери од рабовите на копното, туку од државните граници на Русија, а тие се и копнени и морски. Значи, руската „Точка Немо“ се наоѓа на најголемата оддалеченост од сите други држави. Русија по површина е најголемата земја во светот, но не е лесно да се опише голема кружница во нејзините граници. Тоа всушност е можно само на едно подрачје.
Тајга, Сибир
Алексеј Дружинин/SputnikЕвропскиот дел на Русија е блиску до западните граници, северниот брег е прилично расфрлан, а јужните граници имаат „клинови“ кои не дозволуваат во нив да се опише круг со пречник поголем од илјада километри.
Шансите се зголемуваат кога ќе ги поминете планините Урал, каде што територијата помеѓу северните и јужните граници станува поширока. Но, дури и таму северниот брег е премногу прошаран со архипелази и устија на реки кои се влеваат во морето. На југ границата е порамна, но сепак „вовлечена“ онаму каде што се Кина и Монголија.
Уште помала е веројатноста да се опише голем круг на истокот на земјата, поради расфрланоста на Камчатка и рускиот Далечен Исток.
Според тоа, најголем круг се опишува на подрачјето на тајгата во источен Сибир. Аматерските истражувачи сметаат дека точката на 108° источна географска должина и 63° северна географска ширина е најоддалечена од границите со Кина и Монголија од едната страна и северниот брег од друга. Се наоѓа во северниот дел на Иркутската област. во долината на реката Долна Тунгуска.
Најкраткото растојание од овде до јужните граници со Кина и Монголија е околу 1.300 километри, и исто толку одовде до северните мориња. Најблиската населба е малото село Хамакар во Катанганскиот реон на Иркутската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче