Дали сте за еден лет како пред половина век?

Патувања
АНА СОРОКИНА
Руската авиокомпанија „Аэрофлот“ организира летови во ретро-стил по повод стогодишнината од своето постоење, која ја одбележува во 2023 година.

Стјуардесите ги пречекуваат патниците во униформи сошиени според моделот од 1970-тите и 1980-тите.

Храната се служи во порцелански чинии со логото на авиокомпанијата.

Згора на тоа, секој патник добива значка за спомен.

„Аерофлот“ ветува и подарок-изненадување за патниците кои најмалку три пати ќе ја искористат оваа ретро линија.  

Првиот таков лет беше изведен на 20 март на линијата Москва – Сочи, а вториот на 15 јуни меѓу Москва и Санкт Петербург.

До крајот на годината се планирани уште неколку ретро летови низ Русија и за нив можете да купите билети на сајтот на авиокомпанијата.