- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Алексеј Даничев / Sputnik
На почетокот на мај, во повеќето градови во Русија започнува сезоната на јавните фонтани. Меѓу првите свечено проработија величествените каскади во Петерхоф во близина на Санкт Петербург.
Петар Коваљов / TASS
Фонтаните на Петерхоф
Во Москва во последните 10 години се појавија повеќе од 60 нови фонтани, а почнаа да работат и реконструираните фонтани во ВДНХ, во паркот Царицино и на Поклонаја Гора.
Денис Воронин/Агенција „Москва“
Покрај обичните фонтани, во Москва можете да видите и пловечки фонтани на Одводниот канал, во близина на Третјаковскиот (Лушковиот) мост. Целата композиција се состои од 17 фонтани и секоја тежи 300 кг. Навечер на нив се пали ефективно ноќно осветлување.
Владимир Вјаткин / Sputnik
Во Владивосток фонтаните почнаа да работат на 1 мај.
NewsVL.ru
Можете да уживате во нивната убавина на Спортскиот кеј, во улицата „Адмирал Фокин“ и во близина на универзитетот. Работната сезона е до 1 октомври.
А во Новосибирск, според традицијата, прва проработи фонтаната во зоолошката градина (да, да, токму онаа каде што живеат најдружељубивите манули на светот).
Руските одморалишта на Кавказот и Црното Море се веќе подготвени за големиот број гости.
Legion Media
Ќе ги пречека убаво време и фонтани со осветлување. Вистинско освежување во топлите летни денови!