Како манулите од Новосибирск станаа херои на социјалните мрежи

Legion Media
Дивите мачки кои обично ги избегнуваат луѓето во сибирската зоолошка градина им позираат на блогерите. Но, немојте да се излажете, сепак не им се допаѓате.

Гневно, ретко животно, со густо крзно, така би можел да се окарактеризира манулот или Паласовата мачка. Практично е невозможно да се видат во природа, бидејќи живеат во ненаселените степи на Забајкалот и одделни предели во средна Азија.

Во зоолошките градини низ светот има само 150 манули, и речиси сите се роднини. Многу од нив се родени токму во Новосибирската зоолошка градина „Ростислав Шило“. Да ве запознаеме со нив.

Како манулите си ги греат шепите

Снимката на која се гледа како манул од Новосибирск ги става шепите на својата опашка обрасната со густо крзно со молскавична брзина ги стана хит на интернет. Глетката пред сé е многу симпатична. А потоа и мистериозна, бидејќи малкумина знаат дека овие мачки на тој начин се греат во студените зими. Покрај тоа, се покажа дека манулите знаат да позираат пред камерите.

За манулите се грижат мештаните Сергеј Иљтјаков, Ана Новикова и Роман Паулов кој со сопругата Викторија редовно ја посетуваа зоолошката градина со цел да овековечи интересни моменти од животот на овие мачки од Црвената листа на загрозени видови.

Зошто токму овие диви мачки не ги избегнуваат нешто особено луѓето? Манулите во зоолошката градина се проучуваат три децении, а за нивниот престој се создадени многу удобни услови. Новосибирската зоолошка градина е прилично голема и зелена, опкружена со сибирска шума.

Манулите живеат во оддалечен дел на градината каде што е прилично тивко и нема многу луѓе. Освен тоа, манулите имаат многу слаб имунитет и не поднесуваат топлина, бидејќи веќе се навикнати на студени услови (во кои не се размножуваат бактерии). Новосибирск е прилично студен град во Сибир и таквата клима е погодна за нив.

Научете да ги разликувате манулите

Во градината има вкупно дванаесет мачки. Мајките по правило живеат со младенчињате во ист кафез. Возрасните мажи и женки одделно, но близу, да се дружат, а „тинејџерите“ во парови.

„Еден од најстарите манули во нашата зоолошка градина е Караганда, кој има околу десет години. Обично се држи настрана, а од луѓето нешто не се плаши“, вели Роман.

Најфотогеничен е Зеленогорск. „Ако видите некоја снимка или смешно видео со манул од Новосибирската зоолошка градина, постои голема веројатност токму Зеленогорск да биде таму“. Впрочем, Зеленогорск и демонстрираше како се ставаат шепите на опашката!

Освен нив, во зоолошката градина живеат грациозната Ева, срамежливата Ема, независната Ласточка, интровертната Адел, борбениот Ерл, редовно зачудениот Чип, добродушниот Ачи и секогаш ненаспиениот Жора. Минатото лето убавицата Миа стана мајка на шест мачиња, вклучувајќи ја и Снежинка.

Годинава во зоолошката градина повторно планираат да „оженат и омажат“ неколку парови.

Ачи и Ема живеат заедно и уживаат на сонце. И додека Ема си ги протега ноџињата, оди убаво или гледа романтично, Ачи мрмори дали е манул или не.

Манулите Зеленогорск и Адела планираат семејство оваа година, а засега се набљудуваат еден со друг.

Ласточка се смета за најплашлива во тоа друштво. Покрај тоа, таа е мајка на Тимофеј од Москва, кој исто така ретко излегува пред посетителите.

Од 1995 година во зоолошката градина се родени повеќе од 60 манули. Во Новосибирската зоолошка се случи нешто необично 1999 година, кога женката по име Сољда роди девет мачиња.

Новосибирските мачки живеат во Цирих, Познањ, Талин, Барнаул, Ижевск и други градови.

Особено плодна беше 2020 година, кога три мачки станаа мајки, а во зоолошката градина имаше 16 (!) гневни синооки мачиња. Токму на нивна сметка на интернет се правеа шеги, „толку мал, а веќе манул“. Секој манул има име. Не може да се каже дека навистина реагираат на нив, но нека.

Бонус. Сите манули на Новосибирската зоолошка градина!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња