- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Марсовците се меѓу нас и тоа не е шега. На картата на Русија можете да најдете многу населени места именувани по небесни тела. Во Русија во различни региони постојат и „Марс“, „Венера“, „Јупитер“, „Месечина“ и „Орион“. Меѓутоа, таму не се вршат никакви вселенски истражувања и не се обучуваат космонаути. Зошто тогаш добиле вселенски имиња?
„Сончевиот систем“ на Земја
Mark Nakoykher (CC BY-SA 4.0)
На северозапад од Москва, во близина на античкиот град Руза, има патоказ за селото Марс. Никој не може да помине покрај него, а да не се фотографира за спомен. Денеска во селото живеат само неколку десетици Марсовци, т.е. на неговите жители, и нема никакви знаменистости.
Слични села постојат во Ростовската, Орловската, Нижегородската, Кировската, Калушката и Курганската област, како и во Башкирија (Република Башкортостан). И сите тие се навистина именувани по планетата Марс.
Втора по популарност е Венера. Населби именувани по оваа планета постојат во близина на Самара, Оренбург и во Мордовија. Во седумдесеттите години на минатиот век селото Венера во Липецката област стана микроеон на градот Липецк.
Иван Кривошеев (CC BY-SA 4.0)
Неколку села во Башкирија и Брјанската област го носат името Јупитер, во Оренбуршката област постои село Уран, а во Татарстан село Нептун. Во близина на Смоленск и Тула има населби наречени Луна (Месечина). А Чувашија и Мордовија имаат свои Поларни ѕвезди, т.е. населби кои биле именувани во чест на ѕвездата Северница.
Соништа за космосот
Сите овие населби се создадени во текот на 1920-тите и 1930-тите кога младата советска држава интензивно работеше на описменување и културно просветлување на населението. Советскиот локален етнограф Валентин Прохоров, кој ја проучуваше топонимијата на Липецката и Воронешката област, забележа дека „космичките“ имиња се последица на ширењето на знаењето за атеизмот и природните науки во селата.
В. Козлов / Sputnik
Една од главните теми на тој период беше работата на научникот Константин Циолковски за освојувањето на космосот, која беше романтизирана во масовната култура и печатена во голем тираж.
Во 1924 година се појави филмот „Аелита“, заснован на расказот на Алексеј Толстој за лет на Марс и плановите на неговите херои да организираат револуција таму. А во 1935 година беше снимен филмот „Вселенски лет“ за експедиција на Месечината, за која сценариото беше напишано во консултација со Циолковски. И двата филма имаа огромен успех.
Населбите што беа создадени во тоа време ги добија своите имиња во духот на времето и ги зачуваа до ден-денес.