Покрај стандардната Нова Година која се слави во целиот свет ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари, многу народи во Русија имаат и свои традиционални датуми за овој празник. За многу народи во Сибир, најважниот празник е будистичката Нова Година и тој штотуку настапува. Имено, во 2023 година во Бурјатија, Калмикија и Тува тој ден се паѓа на 21 февруари, а на Алтај на 23 февруари.
Верници во дацан пред почеток на обредот Дугжуба.
Евгениј Епанчинцев/TASSВо Бурјатија овој празник се нарекува Сагалган, во Калмикија Цаган Сар, Туванците го нарекуваат Шага, а алтајските народи го нарекуваат Чага Бајрам. Сите овие имиња се преведени како „бела месечина“, бидејќи датумот се пресметува според лунарниот календар. Годината на Тигарот ја заменува годината на Синиот зајак. Друга варијанта на преводот на споменатите називи е „да се пречекори времето“.
Монах за време на обредот Дугжуба. Забајкалски крај, Чита, Русија.
Евгениј Епанчинцев/TASSВо некои области првиот ден од будистичката Нова година е официјално неработен ден.
Подготовките за празникот се прават однапред, а се внимава пред сé на чистотата, а тука не се работи само за средување на станот, туку и за посебен обред на прочистување наречен Дугжуба.
Верници околу светиот оган за време на обредот „Дугжуба“.
Алексеј ДаничевКако по правило, обредот се изведува на специјални полигони во близина на дацан (будистички манастирски комплекс). За потребите на обредот се прават пирамиди „Сор“ и свечено се палат со молитви како симбол на духовно прочистување. Откако ќе ги прочитаат молитвите, треба да се свртите со грбот кон огнот за да сето она што е лошо остане во минатото.
Се пали и помал оган. Верниците во него фрлаат парчиња тесто или ткаенина со кои претходно се бришеле. Се смета дека на тој начин ја палат сета своја негативна енергија, сите болести и неволји. Додуша, ламите велат дека е поважно да се отфрлат лошите мисли и да се држиме до добрите дела.
Република Тува. Прослава на Новата година Шагаа според лунарниот календар на плоштадот Арата.
Кирил Кухмар/TASSОва е семеен празник, исто како и стандардната Нова Година. На првиот ден од Новата година пожелно е да се посетат постарите членови на семејството (а не е забрането да се посетуваат и другите блиски). Традиционален подарок е свилениот шал, но во денешно време може да биде и нешто друго.
Република Бурјатија. Верник во текот на обредот „Дугжуба“ во Иволгинскиот дацан.
Александар Гармаев/TASSИ, се разбира, тука е празничната трпеза! Ако на 1 јануари целата земја јаде руски и мимоза салати, 21 февруари е денот кога се јадат зооморфни крофни со најубави желби, а исто така и „бузи“, т.е. „пози“ (тесто во вид на кнедли полнето со мелено месо и варено на пареа).
Учеснички во натпреварот во јадење „пози“ по повод прославата на будистичката Нова година во Иркутската област.
Кирил Шпицин/SputnikВо градовите често се организираат панаѓури и концерти кде што може да се видат многу луѓе во традиционални народни носии. Во Бурјатија на таквите прослави се игра орото „јохор“, симбол на процутот на животот.
Оро „јохор“ на прославата на будистичка Нова година, Забајкалски крај.
Евгениј Епанчинцев/SputnikСвечености и служби во дацаните се одржуваат во текот на неколку недели. Тоа е уште еден повод луѓето едни на други да си посакаат среќа и да ја испратат зимата.
Утринска молитва и ритуал во кој се служи бела храна во рамките на прославата на будистичката Нова година во будистички комплекс во Забајкалскиот крај.
Евгениј Епанчинцев/Sputnik
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче