Местенце скриено меѓу полиња и ридови, 650 километри јужно од Москва и 150 километри јужно од Воронеж. Туристите често доаѓаат овде во лето, со исклучување од автопатот што води до морето.
Кога ќе го здогледа ова место, патникот сфаќа зошто се вика Дивногорје. Локалните жители едноставно го нарекуваат Диви.
Дивногорје е познато по своите снежнобели ридови од варовник и монолитната карпа што се издига среде рускиот зелен пејзаж. Се издига на брегот на реката Тихаја Сосна, недалеку од нејзиниот слив во Дон. Така што тука можете да видите и ридски регион и живописна речна долина.
Едно од првите пишани спомнувања на ова место потекнува од крајот на XIV век. Еден монах од придружбата на митрополитот Пимен запишал дека видел бели камени столбови кои „убаво“ и „красно“ се издигнуваат на брегот на реката Тихаја Сосна.
Среде овие природни убавини се наоѓа манастир. Локалната легенда вели дека уште во XII век јеромонасите-аџии Ксенофон и Јоасаф од Сицилија барале засолниште во руските земји и дошле овде, носејќи ја со себе чудотворната икона на Богородица Сицилијанска. И, наводно, токму во нивно време овде настанал првиот пештерски храм издлабен во карпи.
Но, со сигурност се знае дека манастирот е основан овде во 1653 година. Повеќе пати бил цел на напади на Кримските Татари, бидејќи се наоѓал на патот од Русија кон Кримскиот канат. Затоа дури и бил опкружен со дрвени ѕидини кои не се зачувани до денес.
Тогаш, во XVII век, во меката карпа (креда) бил издлабен првиот пештерски храм во чест на свети Јован Претеча.
Црквата „Св. Јован Претеча“
Александра ГузеваОд времето на Петар I, многу патници кои оделе на југ, до Азов, запирале овде да преноќат. И овие бели карпи во вид на пирамида оставале неверојатен впечаток на сите тие патници.
Во 1699 година манастирот го посетил лично Петар I, кој дури и ручал риба уловена од монасите во блиската река. За време на владеењето на Екатерина II манастирот ги загубил своите имоти и средствата за издржување, па затоа бил затворен.
Црквата „Сицилијанска икона на Богородица“
Insider (CC BY-SA 4.0)Повторно бил отворен дури во XIX век. Станал значаен духовен центар на рускиот југ. Според легендата, за време на епидемијата на колера, недалеку од манастирот била пронајдена чудотворната Сицилијанска икона на Богородица (така, очигледно, настанала и легендата за монасите од Сицилија). Во нејзина чест бил осветен олтарот на втората пештерска црква.
Монасите сами ја издлабиле во карпата не само црквата, туку и целиот пештерски свет: салите, премините, скалите, ќелиите, дури и првиот кат со трпезаријата.
Освен тоа, Дивногорскиот манастир има и „обична“ црква посветена на Успението на Пресвета Богородица.
Успенската црква на Дивногорскиот манастир
Иља Питалев/SputnikЗа време на советската ера, пештерските храмови беа запоставени и дури во деведесеттите повторно обновени. Денеска во летниот период таму се одржуваат богослужби.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче