Баргузински резерват
О. Галикаев/Баргузински резерватЗаливот Сосновка на изгрејсонце, Баргузински резерват.
С. Шитиков/Баргузински резерватБаргузинскиот резерват на природата е првиот од таков вид во Русија. Основан е на 11 јануари 1917 година во Бурјатија. Се наоѓа на североисточниот брег на Бајкал. Од 1986 година е запишан на Светската листа на резервати на биосферата на УНЕСКО. Денес 11 јануари во цела Русија се одбележува како Ден на резерватите на природата и националните паркови.
Баргузински резерват
С. Шитиков/Баргузински резерватОвој резерват е основан за заштита и обнова на популацијата на баргузинскиот самур, еден од најубавите (и со самото тоа најпопуларните меѓу ловците) претставници на семејството куни во Русија. Првично беше наречен „Резерват на баргузинскиот самур“.
Самур
А. Сватов/Баргузински резерватКрзното со векови беше еден од најчестите производи за извоз во Руската империја, а крзното на баргузинскиот самур беше најценето бидејќи е неверојатно густо и цврсто. Специфичен е по тоа што има „бело“ меко влакно и не е голем (возрасна единка изгледа како мало маче).
Поради ова, на почетокот на ХХ век, овој предатор од тајгата практично исчезна, иако неговата популација некогаш била многу голема. Тогаш во шумите останаа помалку од 40 единки, а денес ги има 800-1200.
Давша, база на терен. Музеј на природата.
Б. Холхоев/Баргузински резерватВо селото Давша на брегот на Бајкалското Езеро постои музеј наречен „Самуров дом“. „Овде луѓето му доаѓаат на самурот на гости, а не обратно“, пишува на огласните табли на музејот.
Популацијата на баргузинскиот самур заздрави во 1930-тите, но нивното ловење сè уште е забрането. Самурите, како и сите диви животни, обично ги избегнуваат луѓето. Меѓутоа, во Баргузинскиот резерват инспекторите често ги забележуваат во шумарските куќички. Животните им приоѓаат, земаат храна од нив, па дури им се качуваат и в раце. И најинтересно е што самурите во дивината ја делат територијата (најмногу 4 единки на 1 квадратен километар), но во шумските куќички понекогаш се собираат и во поголем број, без никакви конфликти.
Самур
А. Сватов/Баргузински резерват„Од една страна, човекот не треба да се меша во природните процеси и токму затоа се основани резерватите, но самурите сами им приоѓаат на луѓето и тоа не е случајно. Се случува да има гладна година“, пишува фотографот на дива природа Артур Мурзаханов.
Заливот Сосновка.
А. Агарков/Баргузински резерватТака, во 2012 година во околината на Давша во текот на зимата имало истовремено и по 7 самури и вработените во резерватот ги хранеле сите. А напролет сите самури си заминале - секој се вратил на својата територија.
Кафена мечка
А. Хохлоев/Баргузински резерватПокрај самурот, во Баргузинскиот резерват има 40 животински видови, меѓу другите лос и исклучително реткиот сибирскиот мошусен елен, и секако, зајаци и мечки. Во водите на Бајкалот има многу омуљ, сибирска џиновска пастрмка и штука. Но, затоа нема да видите влекачи. Се среќаваат само два-три вида жаби и гуштери, иако не е исклучено научниците сè уште да не ја проучиле доволно добро „ихтиолошката“ страна на резерватот.
Баргузински резерват
А. Агарков/Баргузински резерватРезерватот Баргузин зафаќа околу 3 километри од крајбрежјето на Бајкалското Езеро, најдлабокото езеро во светот. Но, покрај него, опфаќа уште и 500 поголеми и помали езера.
Водопад на реката Шумилиха.
А. Мислицки/Баргузински резерватНајпопуларни за посета се планинските езера во долината на реката Шумилиха. Тоа е најјужната река во резерватот, долга само 12 километри, но во нејзиното корито има многу „скалила“ и ограноци кои формираат водопади и езера. Многу од нив се опкружени со големи карпи и осамени карпи и имаат необични камени скалила и форми.
Реката Давша
В. Горбатовски/Баргузински резерватВо студеното подножје на резерватот има многу термални извори. Температурата на водата во нив се движи од 40°C до 65°C. Најпознатиот термален извор (и најдобро опремен за пречек на туристи) се наоѓа на устието на реката Давша. Неговата вода има температура од 41-43°C и содржи флуор и силициумова киселина. Тука се изградени две парни бањи. И секако, како и во секој термален извор, не треба да се остане долго во вода.
Баргузински резерват
С. Шитиков/Баргузински резерватПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче