- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Степите се области без дрвја, целосно обраснати со трева. На картата на Евроазија заземаат голема површина. Се протегаат од источна Европа речиси сè до брегот на Тихиот океан. Преку тој простор, во дамнешно време нарекуван Големата степа, минувал Големиот пат на свилата.

imageBROKER / Global Look Press
Во различни земји степите се нарекуваат поинаку. Во Австралија или Африка савани, а во Јужна Америка пампаси. Руската степа е природен феномен широко опеан во руската култура. Доловена е речиси свето, така што широката, глобална, „неприкосновена“ степа често асоцира на самата Русија.

Global Look Press
Во Русија овие области го опфаќаат просторот од Црното море до Алтај на југ и допираат сè до Кавкаските планини. Еден дел од оваа зона се протега во Источноевропската низина, а другиот во Западносибирската.
Legion Media
Поради таа причина природните услови не се насекаде исти. На Кавказ има планински степи, обраснати со бујна трева, како и пустински во Калмикија, во кои многу поверојатно е да се сретнат големи тркалачки топки формирани од презрела вегетација, како и песочни дини отколку зелена трева.
Legion Media
Како и ширум светот, голем дел од степата во Русија е уништен, претворен во ораници, ловишта, населени места или полигони. Недопрените степи се вистинска реткост, иако и можат да се најдат и такви.
Legion Media
Чујската степа е една од нив. Овој меѓупланински басен во југоисточниот дел на Алтај се протега во должина од 70 километри. Степата е опкружена со планински венци од сите страни, што ја прави една од најубавите, иако климата е исклучително остра - таа е најсувата и најстудена степа на Алтајските планини. Најниската температура забележана во тие области била 62 степени под нулата.
Legion Media
Големите температурни разлики (лете температурата се искачува и до 31 степен над нулата) можат да ги поднесат само ретки претставници на фауната, големите животни едноставно немаат каде да се сокријат. Многу степски животни и птици се на работ на истребување.
Едно од оние помали животни што живеат во Чујската степа е мачката манул од Црвената книга. Оваа мачка со бујно крзно и многу импресивен изглед е една од најсуровите диви мачки во Русија и апсолутно не поднесува луѓе.
Напролет степската зона е покриена со бујна вегетација, лековити билки и луковични растенија кои можат да ги задржат влагата и потребните материи до следната пролет. Особено убава глетка претставуваат расцутените лалиња во Калмичките степи.
Legion Media
Во Астраханската област, во еден дел од познатата Голема степа, руските степи се протегаат долж левиот брег на Волга преку целата Астраханска област до Каспиското море. Споменатата степа има свој препознатлив изглед, земјата е изгорена од сонцето, температурата лете достигнува и до педесет степени.
Legion Media
Тука живеат потомци на номадите кои некогаш ја населувале степата - Калмиците, Казасите, Ногајците и Туркмените.
Legion Media
Локалните жители во ретко населените места одгледуваат овци, крупен добиток, расни коњи и камили. Особено се горди на двогрбите бактриски камили, кои спаѓаат меѓу најголемите во светот. И денес, како и пред илјадници години, тие се користат за транспорт на товар.
Legion Media
Друг животински вид, специфичен за степите на Калмикија и Астраханскиот регионт е ретката степска антилопа со исклучително необичен изглед - сајгата. Станува збор за копитар кој живеел и во времето на мамутот.
Legion Media
Астраханските степи имаат и своја „тајна“, ридот Богдо, свето место за локалните народи. Многу лесно се препознава, тоа е единствениот рид во рамниот пејзаж и има црвена боја.
Legion Media
Научното објаснување на овој феномен, единственото возвишение во Астраханската област, вели дека тајната се крие во солта. Всушност, станува збор за монолит на камена сол што полека се издигнува и ги турка нагоре древните слоеви стари околу 250-300 години.
Legion Media
Во Русија денес бројни степи се под заштита, бидејќи нивната како по правило плодна земја е примамлив залак за земјоделството. До деведесеттите години на минатиот век во Русија немаше ниту еден резерват во степската зона. Оренбуршкиот ја понесе титулата прв.
Vladdie (CC BY-SA 4.0)
Токму ова место е избрано за враќање во природата на коњот Пржевалски, вид на див коњ кој, како што се верува, повеќе не постои во дивата природа на Русија. Оренбуршките степи се единственото место каде што можете да ги сретнете.