10 уникатни фотографии на Русија од вселената

Патувања
КСЕНИЈА ЗУБАЧОВА
Благодарение на космонаутите на Меѓународната вселенска станица, имаме можност да ја видиме убавината на Русија од височина од 408 километри.

Иако човештвото веќе некое време ја истражува вселената, за повеќето луѓе погледот „однадвор“ на нашата планета и понатаму е сон.

Познатиот космонаут Јуриј Гагарин немаше камера кога првпат полета во вселената, но денес фотографирањето е нешто што космонаутите и астронаутите редовно го прават во рамките на нивната работа и како хоби. Овде можете да видите некои од најубавите снимки на Русија од вселената направени во последните две години. Уживајте!