„Најубавата земја“: конкурс за најдобри фотографии на Русија

Љубопитни бувчиња, далечната сибирска тајга и фантастично набљудување ѕвезди. Погледнете ги најдобрите фотографии на природата во 2022 година!

Руското географско друштво ги објави победниците на својот годишен фото-конкурс „Најубавата земја“. Оваа година, речиси 6000 фотографи, вклучувајќи професионални фотографи, аматери, па дури и деца, се натпреваруваа за победа, а жирито избираше од речиси 47000 фотографии. Возрасните победници ќе добијат парична награда, додека на младите победници за успехот ќе им бидат доделени квадкоптери.

1 – „Тешки времиња“, Константин Шатенев, Камчатски крај. Победник во категоријата „Диви животни“. 

2 – „Магливо утро кај Ферапонтовиот манастир“, Дмитриј Аркипов. Ова е еден од најстарите руски манастири, во кој сè уште има фрески од XVI век насликани од Дионисиј, ученик на Андреј Рубљов. Фотографијата од Вологодската област победи во категоријата „Русија од птичја перспектива“.

3 – „Тихиот не е тивок“, Евгениј Владимиров. Уште една фотографија од Камчатка победи во номинацијата „Магијата на стихијата“. 

4 – „Во ледено заробеништво“, Елена Пахаљук. Фотографијата на був со неверојатно изразени очи победи во категоријата „Птици“. 

5 – „Природата е голем уметник“, Александар Разумов. Какво дрво! Оваа фотографија победи во категоријата „Уметноста на дивата природа (уметничка фотографија)“. 

6 – „Центар на универзумот“, Анатолиј Плечисти. Пајак што плете мрежа победи во категоријата „Макросвет“. 

7 - „Бариера“, Николај Василев. Фотографијата е снимена во Република Алтај. Победник во категоријата „Пејзаж“. 

8 – „Аурелија“, Егор Никифоров. Фотографијата на медуза опкружена со планини победи во категоријата „Подводен свет“. 

9 – „Херојот на Втората светска војна Иван Мешчерјаков“, Јулија Боровикова. Фотографијата на ветеран победи во категоријата „Русија во лицата“.

 10 – „Жива архива“, Александар Максин. Ова е посебна номинација во која фотографите повторуваат архивски слики. Во прашање е модерна фотографија на Петропавловск-Камчатски.

А вака изгледал кон крајот на XIX век. 

11 – „На лебедово езеро“, Владимир Иванов. Фотографијата освои специјална награда во категоријата „Заштитена Русија“. 

12 – „Духот на приморската тајга“, Светлана Горбатих. Фотографот успеала да го сними најреткиот далекоисточен леопард и да победи во категоријата „Ретки животни во дивината“. 

13 – „Талкачи под ѕвездите“, Александар Михајленко. Оваа фотографија ја освои наградата „Избор на публиката“. 

14 – „Рано утро“, Георгиј Лаврентјев. Фасцинантна фотографија која победи во категоријата за деца „Пејзаж“. Фотографијата ја снимило дете!

15 – „Жолтогрли стрнарки“, Иван Горшков. Уште една детска фотографија. Птиците на дрво се фатени во Калушката област и победија во категоријата „Животински свет“. 

16 – „Сенките на срните“, Јарослава Меркулова, Оренбуршка област. Детски победник за „Светот од птичја перспектива“. 

17 – „Шепи“, Ксенија Маршалка. Фотографијата што ја сними дете победи во категоријата „Природни феномени“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња