Сочи
Nikolaj Kuz'min/EyeEm/Getty ImagesСпоред пописот од 2020 година, во Тољати живееле 684,7 илјади луѓе. Според бројот на жители, се наоѓа на 19 место меѓу градовите во Русија, а меѓу градовите кои не се административни центри во земјата, Тољати е лидер.
Градот го добил името во 1964 година, по генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Италија Палмиро Тољати, кој ненадејно почина таа година за време на посетата на советскиот логор „Артек“ на Крим.
Името се покажа како судбоносно. Две години подоцна, во 1966 година, во Тољати започна изградбата на најголемата фабрика за автомобили во земјата - АвтоВАЗ, а со подготовката на техничкиот проект се занимаваше италијанскиот автомобилски концерн „Фиат“. Благодарение на ова претпријатеие, градот стана познат како „советскиот Детроит“.
Во вториот по значење град во Татарстан живеат 548,5 илјади луѓе. Како и Тољати, тој е познат по автомобилскиот гигант, фабриката „КамАЗ“.
Изградбата на фабриката започна на крајот на 1969 година, а епитетот „ударно комсомолско градилиште“ требаше да привлече внимание на важноста на потфатот за земјата. Првата фаза на претпријатието започна со работа на крајот на 1976 година. Во опремувањето учествуваа фирми од 19 европски земји, САД, Канада и Јапонија. Фабриката почна да работи со полн капацитет кон крајот на 1981 година, а седум години подоцна се исплатеше инвестицијата во изградбата.
Паралелно со „КамАЗ“ интензивно се градеше и градот, па така на крајот на осумдесеттите години на минатиот век Набережние Челни имаше повеќе од половина милион жители.
Интересно е што нешто повеќе од седум години, од 1982 до 1988 година, градот се викаше Брежнев, по генералниот секретар на ЦК на КПСС Леонид Брежнев, кој почина во 1982 година.
Новокузнецк се протега на површина од 424,27 квадратни километри, што значи поголема од онаа на Виена, Атина, Белград, Барселона и државата Малта (316 квадратни километри). Во градот живеат 537,5 илјади луѓе.
Новокузнецк е и постар и поголем по површина од градот Кемерово, административниот центар на регионот, и речиси ист во однос на бројот на жители, поради што е наречен „вториот главен град на Кузбас“. Овде се наоѓаат најстарите центри за експлоатација на јаглен и преработка на метал во Русија, меѓу другите, Западносибирскиот металуршки комбинат, петтото по големина претпријатие од тој вид во земјата.
Во најголемиот град во Московската област живеат 521 илјади луѓе. Од центарот на рускиот главен град го делат само дваесетина километри. Минатата година Балашиха беше прогласен за најбрзо растечки град во Европа. А се најде и на прво место меѓу градовите во Руската Федерација според растот на цените на секундарниот пазар на недвижности.
Името го доби по текстилната фабрика за производство на платно изградена во 1830 година, која се смета за година на основање на градот.
Градот денес е важен центар за производство на тркала за цивилни и воени авиони и хеликоптери, како и уреди за полетување и слетување и за хидраулични авио-системи.
Градот стана познат ширум светот во 2014 година како место каде што се одржаа 22 Зимски олимписки игри, без разлика што целата градска агломерација се наоѓа во суптропско подрачје (се разбира, натпреварите на отворено не се одвиваа на брегот на Црното море, туку во планинскиот предел, во населбата Краснаја Полјана). Покрај Олимпијадата, истата година во Сочи се одржа и 16 етапа на светскиот шампионат на „Формула 1“, а во 2018 година Светското првенство во фудбал.
Во 2021 година Сочи имаше 466 илјади жители. Ова одморалиште за сите сезони го посетуваат туристи во текот на целата година, така што всушност секогаш има многу повеќе луѓе од споменатата бројка.
Покрај Новокузнецк, и Магниторск важи за клучен центар на црната металургија. Во овој уралски град живеат 410,6 илјади луѓе, а се наоѓа на границата на Европа и Азија.
Во 1931 година Магниторск стана еден од првите таканаречените „соцгради“ (социјалистички градови од нов тип) во земјата кои се градеа околу големи индустриски претпријатија. Тука беше Магнитогорскиот металуршки комбинат. Указот за негова изградба беше издаден во 1929 година. Главните објекти на претпријатието беа проектирани со учество на американски и германски инженери, а во изградбата учествуваа Чеси, Словаци, Бугари, Италијанци, Финци, Романци, Турци и Полјаци. Појавата на градските квартови е поврзана со името на германскиот архитект Ернст Мај.
Станува збор за повеќекратен рекордер. Во Сургут живеат 396,5 илјади луѓе, повеќе отколку во административниот центар на регионот Ханти-Мансијск, кој има 10,5 илјади жители. Во 2018 година тој беше трет град, по Москва и Санкт Петербург, по учество во бруто националниот производ. Во 2019 година Сургут го зазеде третото место на листата на најбогати градови во земјата, а во 2021 година стана десетти на листата на најбрзо растечки градови во Европа и втор на листата на најудобни градови за живеење во Русија.
Ваквите показатели се објаснуваат со тоа што Сургут важи за нафтена престолнина на Русија, на која отпаѓа една четвртина од вкупната експлоатација во земјата, а на регионот Југра отпаѓа околу 42 отсто.
Од моментот на неговото основање во 1594 година па некаде до крајот на Втората светска војна, градот бил место за прогонство. А неговата „нафтена“ ера датира од крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години на минатиот век. Токму откривањето на големи резерви на нафта доведе до молневитиот развој на Сургут.
Во Нижни Тагил во четириесеттите години на XVIII век започна декоративното сликање на послужавници. Се смета дека тагилскиот стил на оваа народна уметност е претходник на жостовскиот, денес многу попознат и широко користен во украсувањето на послужавниците.
Во Нижни Тагил се чува и сликата „Свето семејство“ (1509) која му се припишува на познатиот италијански сликар Рафаел Санти. Сликата е наречена „Тагилска Мадона“, а пронајдена е во 1924 година во поткровјето на поранешниот господски дом на уралските фабриканти Демидови.
Волшки е создаден во 1951 година од населбата формирана за време на изградбата на Сталинградската (денес Волшка) хидроцентрала, најголемата во Европа (а во периодот од 1960-1963 година најголемата на светот). Нејзиниот капацитет овозможи на територијата на Волшки да никне производствен комплекс кој вклучува претпријатија од хемиската, металуршката и машинската индустрија.
Меѓу градовите кои не се административни центри, Орск го зазема првото место по површина. Вкупно 642 квадратни километри површина му го обезбедија деветтото место според овој критериум меѓу градовите во цела Русија. Во Орск живеат 224,8 илјади луѓе.
Како и Магниторск, тој се наоѓа на границата на Европа и Азија, а реката Урал го дели на два дела. Орск е основан во 1735 година како тврдина за одбрана на руските граници од казахстанските номади.
Кон средината на XIX век во околината на Орск е пронајдено големо наоѓалиште на златна руда, а во триесеттите години на ХХ век започна изградба на големи индустриски претпријатија на база на богатите локални наоѓалишта на минерали, никел и кобалт.
Најголем пораст на населението во градот е забележан за време на Втората светска војна. Според пописот од 1939 година во градот живееле 66,3 илјади, а во 1956 година 157 илјади луѓе. За време на Втората светска војна во Орск беа евакуирани претпријатија, семејства на војници, деца кои останаа без родители. Покрај тоа, тука беа депортирани и илјадници советски Германци од целиот СССР.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче