Магнитогорск - престолнина на железо и челик

Магнитогорск е еден од најзначајните индустриски градови во Русија.


Магнитогорск е индустриски град во Чељабинската област, на источната страна на Уралските планини. Градот е основан уште во 1743, но немал поголемо значење сè до 1929 година. Интензивен развој на Магнитогорск беше приоритет на стратегијата на Сталин за индустријализација спроведена во 30-тите години на минатиот век. За таа цел, повикани се стотина странски стручни лица да ја надгледуваат работата, но во 1937 година, побарано е да го напуштат градот кој е прогласен за „затворен град“. Во Втората светска војна, градот одигра важна улога заради значајното производство на челик за советската војска. За време на перестројката укинат е статусот „затворен град“ и од тогаш странците повторно можат повторно да го посетуваат ова место. Магнитогорскиот металуршки комбинат (ММК) е трета челичана по големина во Русија. Меѓутоа, токму заради овој индустриски објект, Магнитогорск е еден од најзагадените градови во Русија. ММК е познат и како еден од најважните спонзори на новата Континентална хокеарска лига (КХЛ), а „Металург Магнитогорск“ е хокеарски клуб кој и се натпреварува во КХЛ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња