Санкт Петербург
Legion MediaВо Русија, Санкт Петербург отсекогаш бил „северна Венеција“ - поради големиот број реки и канали. Не знаеме дали Петар Велики, кој никогаш не бил во Венеција, така го нарекувал своето чедо (со сигурност се знае дека го нарекувал „својот рај“). Меѓутоа, Французинот Теофил Готје, писател и светски патник, неколку пати го посетил италијанскиот град, а кога се нашол во Санкт Петербург во 1839 година, напишал: „Бројни канали го пресекуваат градот, формиран како северна Венеција, на бројни острови“.
Од истата причина, називот „руска Венеција“ (или „тверска Венеција“) го добил Вишни Волочок - градот во кој се наоѓа Вишневолоцкиот воден систем - најстариот вештачки каналски систем во Русија, направен во почетокот на XVIII век за да се поедностави пловниот пат помеѓу Санкт Петербург и Волга. Затоа и во центарот на градот има канали кои порано биле пловни, но, се разбира, ги нема толку многу како во Санкт Петербург.
Јалта
Legion MediaНа преминот од XIX во XX век Јалта ја нарекувале „руската Ница“, а целиот јужен брег на Крим „руска Ривиера“. Во тоа време, Крим бил омилено место за одмор за руските боеми, благородништвото, уметниците и писателите. Горки, Цветаева, Булгаков, Куприн често престојувале на овие места, а Чехов и Волошин имале викендички на Крим. Интересно е што Ница и Јалта се официјално збратимени градови. Договор за тоа беше потпишан во 1960 година.
Фабрика за текстил во Иваново
Владимир Смирнов/TASSГрадот Иваново се нарекува „руски Манчестер“ како еден од најголемите центри за производство на текстил во Русија. Првите текстилни фабрики се појавиле таму уште во XVII век. А популарниот прекар на градот првично бил „Црвен Манчестер“ и се појавил во раните советски години. Иваново тогаш се сметало за трета пролетерска престолнина на Русија, бидејќи во 1905 година, за време на револуцијата, се појавил првиот Совет на работничките претставници. Тогаш работниците на Иваново први во земјава основале организација која ќе ги застапува и штити нивните права.
Иваново не е единствениот град во светот со ваков прекар. На пример, Тампере е фински Манчестер, а Лоѓ полски. Текстилни центри има и во други европски земји, кои по примерот на Англија, се нарекуваат „Манчестер“.
Череповец 1840.
Владимир Кузнецов / Russia in photo„Познатиот град Череповец, или, поедноставно кажано, Северна Атина... Тука доаѓаат на студии младите од различни делови на Новгородската и соседните губернии “, напишал рускиот економист Андреј Суботин во 1894 година. Навистина, Череповец го носел овој прекар во време кога неговиот градоначалник бил трговец, бродосопственикот Иван Андреевич Миљутин.
Трговскиот гениј од ниско потекло, кој за себе и за своето семејство издејствувал наследна благородничка титула (исклучително редок случај за тоа време!), Миљутин не стекнал никакво образование и цел живот учел сам. Можеби затоа сметал дека образованието е неопходно. Во негово време во Череповец се отворени 7 женски и машки школски установи, отворени се библиотека, музеј, книжарница, печатница... Череповец тогаш не бил познат само како „Северна Атина“, туку и како „Рускиот Оксфорд“.
Москва
Legion Media„Москва е третиот Рим“ - оваа фраза ја паметат Русите уште од училиште. Токму така Филофеј, почитуваниот старец-монах од псковскиот Спасо-Елеазарски манастир, во своите писма до големиот московски кнез Василиј III го толкува наследниот однос на Москва со Рим и Константинопол, претходните центри на христијанството. Поточниот цитат од Филотеј: „Двата Римјани паднаа, третиот стои, а четврти нема ни да има“. Овој концепт во XVI век стана една од идеолошките основи на власта на московските кнезови, а потоа и на царевите, кои себеси се доживуваа како наследници на руските и византиските императори и заштитници на православната вера.
Самара
Кирилл Кухмарь/TASSВо втората половина на XIX век Самара го добила прекарот „руски Чикаго“ - поради наглиот индустриски развој, кој се забрзал од 1877 година, кога низ градот поминала Оренбуршката железничка пруга.
Самара се наоѓа на раскрсницата на копнените, водените и железничките патишта од Азија во Европа, градот масовно тргувал со жито, во регионот се пронајдени наоѓалишта на нафта, а самарските пристаништа преземале и истоварувале огромни количества стока. Сето тоа во Самара привлекло деловни луѓе, но и криминалци од најразлична фела, така што и во тој поглед постои очигледна паралела со Чикаго.
Освен тоа, Самара отсекогаш била необично ветровита поради положбата на градот на кривината на Волга, и по тоа градот исто така потсетува на Чикаго, кого го нарекуваат „ветровитиот град“.
Тољати
Яков Князев/TASS„Рускиот Детроит“ е многу поблиску до „рускиот Чикаго“ отколку нивните вистински стереотипи: од Самара до Тољати има помалку од 100 километри со автомобил. Тољати го добил ова име, се разбира, по автомобилскиот завод. Имено, токму овде се наоѓа АвтоВАЗ. Самиот град Тољати, основан 1737 година од Василиј Татишчев како Ставропол, го добил името во 1964 година по Палмиро Тољати, италијански комунист кој почина во август 1964 година за време на одмор на Крим.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче