На реката Об, Новосибирск
Александар Крјажев/SputnikДа почнеме од тоа што е всушност Сибир. Тоа е огромен географски појас кој покрива површина од над 13,1 милиони квадратни километри од планинскиот венец Урал на западот до брегот на Тихиот океан на истокот. Сибир е дел од Русија од 16 век кога Русите ги освоиле земјите источно од Урал, при што истакната улога во тоа имал козачкиот атаман Ермак. Со оглед на тоа што Сибир не е држава, ниту каков било административен ентитет, тој нема определени граници. Реката Енисеј го дели Сибир на два дела, западен и источен. Неговиот далекоисточен дел историски се нарекува руски Далечен Исток.
Меѓутоа, на територијата на денешен Сибир постоеле древни турски држави под називот Сибирски канат. Бил постар од Русија, но, на крај, е припоен и уништен во 16 век.
Чарска пештера
Евгениј Епанчинцев/SputnikСибир е толку огромен што има многу видови терени – поларни пустини на крајниот север, степи и широколисни шуми на југот, но најголем дел е прекриен со тајга – шума која е составена од борови, смреки и ариши.
Меѓутоа, во Сибир всушност постои редок вид пустински терени! Чарската пештера се наоѓа во источен Сибир, опкружена со тајга и со мочуришта, но нејзината територија е мошне мала – само 50 квадратни километри.
Одморалиштето Шерегеш, Кемеровска област
Кирил Кухмар/ТАССВо Сибир, секако, постои лето – но во различни делови на Сибир постојат различни необичности. Во северен Сибир летото е мошне кусо, од еден месец до една недела, додека јужносибирските степи уживаа во целосно тримесечно лето. Од друга страна, најсеверните региони на Краснојарската територија имаат зима во текот на целата година, додека во Јакутск пермафростот никогаш не се топи, дури ни налето.
Порано било, но повеќе не е. Од 17 век тешките услови за живот во Сибир, со потребите на Русија да се развива и понатаму да го колонизира регионот, биле причина што сибирските градови станале места за прогонства за многумина осуденици. Тобољск, на пример, бил регион кадешто Фјодор Достоевски го минал своето време како прогонет, додека во советско време во многу сибирски региони се појавиле логорите ГУЛАГ.
Меѓутоа, клучот на индустрискиот и на урбаниот пораст на Сибир се неговите природни ресурси – сибирската земја гo содржи поголемиот дел руски подземни ресурси како што се јагленот, златото, бакарот, дијамантите. Во Сибир се наоѓаат поголемиот број руски фабрики, додека сибирските реки ги напојуваат петте најмоќни руски хидроелектрани. Откако на системот ГУЛАГ му беше ставен крај, Сибир повеќе не се поврзува со прогонствата, ами со индустриската моќ на Русија.
Во Омск
Алексеј МаљгавкоНајстуденото место на Земјата е всушност Источната антарктичка висорамнина, која се наоѓа надвор од Русија. Меѓутоа, во Сибир луѓето живеат во екстремни поларни услови, па дури и успеваат да трчаат маратони на -50°C. Во меѓувреме, најстуденото место во Русија исто така се наоѓа во Сибир.
Тајга на брегот на реката Енисеј, Краснојарски крај
Иљја Најмушин/SputnikПоголемиот дел, но не во целина. Сибир, всушност, има доволно шуми за шумските пожари да станат проблем, нешто што се случува секоја година. Околу 2,6 милиони квадратни километри, или 51% од Сибир, е покриен со шуми. Но, сибирските шуми можат да бидат дури и вселиви.
Селото Курјан Дубовка, Омска област
Алексеј Маљгавко/SputnikЛуѓето што живеат во Сибир сочинуваат 25% од руската популација – во регионот има повеќе од 37 милиони жители. Густината на населението на Русија е нерамномерно распоредена – околу 68 отсто од луѓето живеат во европскиот дел на земјата, што изнесува само 20 отсто од целата територија на Русија.
И, иако многумина се прашуваат зошто Русите живеат во еден таков нарушен пејзаж каков што е поголемиот дел од Сибир, постојат определени предности за живот во овие региони, верувале или не!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче