- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Жителите на Сочи можат да уживаат во последните топли денови на брегот на Црното море, додека во Москва и Казан почнува доцната есен. А зимата веќе пристигна на Урал.
Нека ви е среќен првиот снег! Бррр!
Жителите на Екатеринбург го дочекаа првиот снег на 26 септември, иако на Урал снегот обично почнува да паѓа на почетокот на октомври.
Донат Сорокин / TASS
Во сибирските градови првиот снег обично паѓа во втората половина на септември, додека во ноември веќе владее вистинска зима. Додуша, големите студови доаѓаат малку подоцна.
Во Новосибирск првиот снег падна на 28 септември.
Александр Кряжев / Sputnik
Во Братск во Иркутската област првиот снег исто така пристигна на 28 септември.
Владимир Смирнов / TASS
Првиот снег веќе ги изненади жителите на Кемерово и Краснојарск (јужен Сибир), некои делови на Јакутија (Далечниот Исток), Мурманск (север), па дури и Башкирија и Костромската област (централна Русија).
Андрей Сорокин / Sputnik
Во планинските региони на Алтај (Сибир), новиот снег веќе падна кон средината на август. Иако ланскиот сé уште беше тука.
Андрей Варенков / Sputnik
Многу делови на руската поларна област исто така сé уште имаат снег од ланската зима. Освен тоа, снег паѓаше на Чукотка во текот на август.
Вячеслав Викторов / Росконгресс
Што е со Москва и Санкт Петербург?
На 14 октомври во Русија се слави традиционалниот христијански празник Покров на Пресвета Богородица.
Руската православна црква на тој ден го слави јавувањето на Богородица со покров, а според верувањата на старите Словени, тоа е денот кога се среќаваат есента и зимата. Често е токму времето на првиот снег. Иако главно се однесува на централниот дел на Русија.
Овде го гледате првиот снег во градот Кинешма.
Владимир Смирнов / TASS
Во Москва снегот обично почнува да паѓа на крајот на октомври, но брзо се топи. Постојан снег почнува да ја покрива Москва дури во декември.
Алексей Куденко / Sputnik
Во Санкт Петербург снег паѓа во ноември и зимите овде обично не носат големи студови. Но, има многу студен дожд. Додуша, зимата 2021 година беше полна со снег и во Санкт Петербург!
Алексей Даничев / Sputnik
Чекајќи ја зимата
На Далечниот Исток (Владивосток, Јужно-Сахалинск, Петропавловск-Камчатски), локалното население ужива во првиот снег во ноември.
Виталий Аньков / Sputnik
Додека во јужните градови на Русија првиот снег паѓа поблиску до крајот на декември, понекогаш дури во јануари. Додека неколку години воопшто и не паѓа, иако тамошните жители не жалат поради тоа. Палмите под снег и не се некоја многу вообичаена глетка.
Дмитрий Феоктистов / TASS