- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Dbmonde (CC BY-SA 4.0)
Позната како Уелен, населбата е сместена на тесен испакнат провлак во Северниот Леден океан, на само 96,5 километри од Алјаска.
Dbmonde (CC BY-SA 4.0)
Денес има само 600 жители. Жителите главно се занимаваат со лов на китови, риболов и декоративно резбање на коски.
Wolfgang Kaehler/LightRocket / Getty Images
Ова далечно село се наоѓа на пресекот на Тихиот и Северниот Леден океан, на ‘ртот Дежњов – најисточната точка на руското копно.
Legion Media
‘Ртот го открил Семјон Дежњов во 1648 година. Тој го препловил Беринговиот теснец 80 години пред Витус Беринг. Љубителите на патувања кои го посетиле ова место велат дека тоа е „сурово ама убаво“.
Legion Media
Порано најисточна населба во Евроазија беше Наукан, но таа е напуштена, така што оваа титула му припадна на Уелен.
Андреј Зима / Sputnik
Не е лесно да се дојде до селото Уелен. Од превозни средства се користат хеликоптер, кој лета во Уелен еднаш на две недели, чамец, теренски возила, моторни санки, па дури и кучешка запрега.
Legion Media
Ова место на самиот крај на светот има малку необична клима: зиме не е премногу студено, а лете не е премногу топло.
Legion Media
Просечната зимска температура е -15 степени Целзиусови, а летната +7 степени Целзиусови.
Legion Media
Провлакот на кој се наоѓа Уелен е широк помалку од 300 метри. Тукашната земја не е погодна за живот, но населбата сепак има училиште, храм, поштенско одделение, ателје за резбање коски и станбени објекти.
Legion Media
Овде постои и музеј во кој е изложена колекција уметнички дела од моржеви бивни, од кожа, крзно и коски од кит.
Валериј Левитин / Sputnik
Во музејот можат да се купат тукашни сувенири.
Legion Media
Населбата е толку оддалечена од цивилизација што операторите на мобилната телефонија успеаја да ја приклучат на своите мрежи дури во 2011 година.
Legion Media
Жителите главно се занимаваат со лов на китови. Чукотка е еден од малубројните региони во кои сè уште е дозволен некомерцијален лов на китови и моржови.
Андреј Зима / Sputnik
Овде можете да го видите руското село на духови на Чукотка од каде погледот допира до Алјаска!