- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Како настанал овој прекар?
Како и обично, одговорот лежи во историјата, и тоа во не толку далечната. Првиот што ја нарече Москва „пристаниште на пет мориња“ беше Сталин, а работата беше поврзана со брзата индустријализација на земјата.
Од огромните „комунистички конструкции“ создавани ширум Советскиот Сојуз, најамбициозни беа каналите, како што е Беломорско-Балтичкиот канал, кој затворениците го изградија во рекорден рок и за кој животот го дадоа илјадници затвореници.
Михаил Пришвин / Государственный Литературный музей / Russia in photo
Истовремено, Сталин смисли огромен план за обнова на Москва. Градот мораше да се модернизира за да биде соодветна и импресивна престолнина за новата амбициозна и прогресивна советска нација. Меѓутоа, Москва кон крајот на 1920-тите сè уште изгледаше прилично провинциски. Во текот на неколкуте векови на царската ера, стана второстепен град, бидејќи најголемиот дел од развојот и напредокот беше насочен кон престолнината на царот - Санкт Петербург.
Александр Родченко / МАММ / МДФ / Russia in photo
Сталин ја започна изградбата на системот на метрото, изгради нови магистрали и автопати, па дури и ги прошири улиците (во некои случаи, беа преместувани дури и згради!). Без никакво двоумење Сталин нареди да се отстрани сé што можеше да биде пречка за изградба на нов автопат или просперитетот.
Многу згради поврзани со стариот режим беа урнати, вклучувајќи и десетици стари цркви и манастири, како и бедемот во реонот Китај Город, тврдина од 16 век во центарот на градот, на само еден километар од Кремљ.
Јавен домен
Со цел да ја снабди Москва, која брзо се развиваше, со големо количество вода за пиење и индустриска вода, и да ја направи достапна за бродови, Сталин нареди изградба на канал што ќе ја поврзува релативно малата река Москва со реката Волга. (Петар Велики првпат помислил на оваа амбициозна идеја уште во 18 век, но никогаш не ја реализирал).
Георгий Петрусов / МАММ / МДФ / Russia in photo
Пловниот пат долг 128 километри го градеа затвореници на Гулаг од 1932 до 1937 година. Прво се викаше „каналот Москва-Волга“, за во 1947 година да биде преименуван во „каналот Москва“. Познатата фраза - Москва сега е „пристаниште на пет мориња“ - ја изговори Сталин 1937 година на церемонијата на отворање на каналот.
Со кои мориња е поврзана Москва?
Белото и Балтичкото Море беа поврзани со канал, а Балтичкото Море беше поврзано со реката Волга со систем на канали и реки. Изградбата на каналот Москва-Волга овозможи да се стигне од Москва до Белото и Балтичкото Море.
Георгий Зельма / Sputnik
Третото море е Каспиското, во кое се влева Волга. Подоцна, во 1950-тите, се појави уште еден огромен канал - во Волгоград беше изграден пловен пат од 101 км помеѓу реките Волга и Дон. Овој канал обезбеди пристап од Волга до Азовското Море - а потоа и до Црното Море.
Сигизмунд Кропивницкий / TASS
Откако беа завршени сите тие големи советски градежни проекти, беше можеше со брод да се стигне до пет мориња: Белото, Балтичкото, Каспиското, Црното и Азовското Море.
И што мислите сега - дали Москва е морско пристаниште или не?
Александар Авилов / Агентство «Москва»