10 најпопуларни прекари за руската престолнина

TomasSereda/Getty Images
Москва е еден од ретките градови во Русија кој го има зачувано своето име низ вековите. Меѓутоа, таа исто така има неколку неофицијални, понекогаш духовити прекари кои ги одразуваат нејзиниот посебен статус и богатата историја.

1. Големо село

[Москва - большая деревня]

Москва е големо село. Звучи смешно, нели? Меѓутоа, оваа фраза мошне често се користи како синоним за „светот е мал“. Зашто во Москва сите жители не се знаат меѓусебно, како што се познаваат на село. Меѓутоа, иако чудно звучи, дури и во град со речиси 12 милиони жители лесно можете да налетате на некој поранешен или на некоја поранешна во метро. Москва е едноставно многу комплицирана.

Уште еден слој значења што се крие во оваа фраза се однесува на тоа дека многумина жители на Москва доаѓаат од село, односно тие се прва генерација московјани, додека нивните родители дошле од внатрешноста и затоа, наводно, покажуваат некои „заостанати“ обичаи во своето однесување или во својот говор кои не се карактеристични за градските жители.

Екатерина Велика велела: „Москва е село“. Ова веројатно било поради тоа што Москва не била толку внимателно и плански проектирана како Санкт Петербург. Меѓутоа, Москва уште од почетокот се градела како град.

Уште еден странец, Французин од романот „Војна и мир“ на Толстој исто така споменува дека Москва изгледа како село. Но, овој пат тоа е комплимент! Тој сакал да каже дека е убава како француската провинција, особено во споредба со валканиот Париз.

2. Третиот Рим

[Третий Рим]

„Два Рима паднаа, третиот стои, а четврти нема да има“, рекол средновековниот монах Филотеус за Москва (според логиката, вториот бил Константинопол, директниот наследник на Рим). Оваа идеја била многу популарна кај оние кои сакале Русија да биде империја. Москва се доживувала како наследник на Константинопол и како центар на православието. Дури и зборот „цар“ потекнува од латинскиот Caesar.

Идејата од 16 век станала популарна кај филозофите на панславизмот во 19 век. Но, по револуцијата од 1817 година го изгубила значењето. Сепак, болшевиците ја префрлиле престолнината од Санкт Петербург во Москва.

Дознајте повеќе за концептот на Третиот Рим.

3. Град на седум брегови

[Город на семи холмах]

Центарот на Москва се наоѓа на неколку брекчиња. Всушност, тие се повеќе од седум, но Рим некогаш се нарекувал „град на седумте брегови“, а Москва сакала да биде третиот Рим. Имало седум главни возвишувања во Москва: Боровицкиот брег, Сретенскиот, Тверскиот, „Три брда“, Тагански, Лефортовски, Воробјови гори. Поради тоа пејзажот во градот е толку разнолик, па возењето на велосипед и обична прошетка понекогаш се многу напорни. Од друга страна, уживањето нуди прекрасни погледи на градот со врвови на бројни возвишувања.


4. Првопрестолна

[Первопрестольная]

Оваа фраза буквално значи „град на првиот престол“ или прва престолнина. Овој прекар се појавил во 18 век кога Москва го изгубила статусот на престолнина, а го презел Санкт Петербург. Но, за да се избегне да се навреди Москва, нејзе ѝ бил даден називот прва руска престолнина, град кој ја обединил Русија и во кој се крунисани првите цареви.

5. Златоглава

[Златоглавая]

Градот на златните куполи е уште еден прекар за Москва кој потекнува од Средниот век. Се појавил во 15-16 век кога околу градот имало многу мали дрвени куќи. Единствени високи градби биле всушност црквите, додека највисока била камбанаријата на Иван Велики и било забрането да се гради нешто повисоко од неа. Во тоа време златните куполи на бројните цркви биле видливи буквално од секое место во градот.

6. Белокамена

[Белокаменная]

Денес Москва е позната по црвената боја. Имено, таа беше престолнина на советската „црвена“ империја, го има Црвениот плоштад, Кремљ од црвени тули и други слични згради. Меѓутоа, првиот Кремљ од камен кој во Москва го подигнал Дмитриј Донској бил бел, направен од варовник. Тулите ги замениле белите ѕидови дури во 16 век. Сепак, многу камени градби, особено црквите, и понатаму се граделе од бел камен, а постоел и уште еден голем одбранбен бедем на Москва кој го опкружувал градот и се нарекувал Бел град. Во 18 век Екатерина Велика наредила тој ѕид да се урне и на негово место е направена кружна низа булевари.

7. Пристаниште на пет мориња

[Порт пяти морей]

Доколку ја погледнеме мапата, можеме да видиме дека Москва нема излез на море. Што значи тогаш оваа фраза? Излегува дека овој релативно нов прекар го има измислено Јосиф Сталин. Тој го употребил за време на отворањето на Московскиот канал кој ја поврзува реката Москва со Волга. Кога овој голем советски проект бил завршен, било можно од Москва да се стаса до пет мориња без да се напушти бродот: До Црното, до Белото, до Балтичкото, до Каспиското и до Азовското.

8. Негумена

[Нерезиновая]

„Москва не е направена од гума“, можеше да се слушне како велат луѓето во деведесеттите години од минатиот век. Тоа значело дека градот не може бескрајно да се растегнува за да ги прими сите луѓе кои сакаат во него да се доселат. Иако оваа фраза е без сомнеж ксенофобична, слободно ја користеле дури и оние кои се доселиле во Москва, оние кои тоа го направиле претходно и не сакале да доаѓаат нови луѓе кои ќе им станат конкуренција за местото под сонцето на златните куполи.

9. Понајехавск

[Понаеховск]

Ова е уште една варијанта на „негумен“ град. Овој назив повторно ја одразува мислата на некои снобовски московјани кои не се среќни поради фактот што толку многу луѓе се доселуваат во Москва во потрага по подобар живот. „Понајехали!“, велат некои, во смисла: „Се собрале од сите страни!“

10. Град по дифолт

Московјаните обично се однесуваат како да не постојат други градови на светот, ниту други временски зони освен Москва. На шега дури и велат дека „не постои живот надвор од московскиот кружен пат“. Затоа ако со некој разговарате онлајн и тој го спомене градот без да го каже неговото име, или го каже само името на улицата без да го наведе градот, можете да бидете сигурни дека разговарате со московјанец. Луѓето од другите региони ги исмеваат жителите на Москва кои мислат дека живеат во град „по дифолт“. Искрено речено, поголемиот дел од луѓето кои не се од престолнината сакаат да префрлаат, па затоа за кутрата Москва дури и велат дека не е „вистинска Русија“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња