Селото Бјохово (135 километри јужно од Москва) се најде на листата на победници на натпреварот „Најдобро туристичко село“ на Светската туристичка организација (UNWTO), објавен на 2 декември 2021 година. Проектот има за цел да го поддржи руралниот туризам.
Комисијата ги зеде предвид не само убавината на пределите и природата на селото, туку и традиционалниот изглед, културните и туристичките програми во понудата и локалните гастрономски занимливости.
Legion Media
Бјохово се наоѓа во Тулската област на брегот на реката Ока. Тоа е дел од историско-уметничкиот комплекс „Поленово“ посветен на сликарот Василиј Поленов. Инаку, Бјохово може да се види на некои негови слики (и не само на неговите).
Третјаковска галерија
Третјаковска галерија
Таму се наоѓал имотот на сликарот, и тој често во своите дела ги прикажува околните предели. Тој, исто така, ја проектира најпознатата градба во крајот: црквата „Св. Троица“ од 1904 до 1906 година.
Sg729 (CC BY-SA 4.0)
Тој и неговата сопруга се погребани до оваа црква. Во Бјохово денес живеат само 58 жители.
Виталиј Белоусов / Sputnik
Според директорката на руската државна агенција за туризам Зарина Догузова, Бјохово „го чува духот на историјата и оригиналната архитектура во руски стил од почетокот на 20 век“.
Виталиј Белоусов / Sputnik
„Во ова место владее посебна атмосфера, која дефинитивно треба да ја почувствувате ако сакате да ја разберете Русија“, вели таа.
Legion Media
Руската населба се најде во конкуренција заедно со 170 села од 75 земји-членки на UNWTO. Секоја земја можеше да номинира најмногу три села на натпреварот.
Виталиј Белоусов / Sputnik
Покрај Бјохово, Русија ја претставуваа и селото Вјатское во Јарославската област и уралското село Висим.
Legion Media
Сепак, Бјохово е првото и засега единственото руско (и постсоветско) село меѓу 44 избрани победници. Овие населби ќе добијат поддршка и промоција од Светската туристичка организација.