Сергеј Бобилев / TASS
Температурата се движи околу 33-34 Целзиусови степени, а сонцето сјае толку силно што некој би можел да си помисли дека се наоѓа во Дубаи или Мексико! Метеоролозите велат дека овие аномални горештини се предизвикани од антициклон.
AFP
Во Москва температурата ги урива сите рекорди. Во текот на денот веќе две недели е над 33 степени, а во некои региони се искачува и на 37 степени. Московјаните бараат спас во градските фонтани, паркови и сите зони каде што во предградијата е дозволено капење.
Moskva agency
Улиците се прскаат со вода на секои три часа за да не се прегрее асфалтот. Патниците на московското метро можат бесплатно да добијат вода од волонтерите. Летото во Москва е незамисливо и без огромната количина на „маца“ од топола.
Сергеј Фадејчев / TASS
Во Санкт Петербург температурата е незначително пониска – се движи околу 31-32 степени, но неодамна беше забележана максимална температура нешто над 35 степени Целзиусови. Обично ретко надминува 25 степени.
Александар Демјанчук / TASS
За локалното население жештината послужи како повод за отворање на сезоната на капење во инаку секогаш студениот Фински залив. Корисниците на интернетот веднаш започнаа да ги споредуваат плажите на овој северен град со Сочи, Анапа и другите најпопуларни одморалишта на југот на Русија.
Владимир Астапкович / Sputnik
Просечната температура во Казањ оваа недела е 30 степени Целзиусови, додека во некои региони достигнува и 35 степени. Обично во јуни температурата таму е околу 20 степени. Според податоците што ги изнесува онлајн-продавницата Озон, сега клима-уредите бележат побарувачка четири пати повеќе од минатата година.
Егор Алеев / TASS
Дури и сибирскиот град Краснојарск одеднаш стана летувалиште, бидејќи цела недела температурата беше над 30 степени Целзиусови. Жителите на Краснојарск го искористија ова време за веслање на штица стоејќи (суп-сурфање) и собирање на скара на бреговите на Енисеј!
Иљја Најмушин / Sputnik
Тверската област се наоѓа меѓу Москва и Санкт Петербург. Таа отсекогаш било место каде што човек може да се сокрие од жегата, но не и ова лето. На езерото Селигер воздухот се загреваше до 33 Целзиусови степени, а во Твер и до 34 Целзиусови степени. Посетителите велат дека овој јуни воопшто нема комарци и дека водата во езерото многу брзо се загреала.
Во Вологда на северот на Русија годинашниве летни горештини го соборија рекордот од 1939 година. Тогаш температурата се искачила на 30 степени, а во јуни 2021 година на 32,5 степени Целзиусови. Во Екатеринбург, главниот град на Урал, воздухот се загреа до триесетина степени, а еднаш беа забележани скоро 34 степени Целзиусови, и тоа беше најтоплиот ден во последните сто години. Дождови со пад на температурата се очекуваат во Русија дури следната недела.