Новата железничка станица во Москва официјално е отворена на 29 мај 2021 година. Се вика „Восточни“ („Источен“).
Тоа е првата московска железничка станица отворена последните 103 години.
Терминалот се наоѓа во Черкизовскиот реон на Москва и ги опслужува возовите на долги релации од Нижни Новгород и Иваново, како и транзитните возови од Санкт Петербург и други градови.
Изградбата на новата железничка станица почна во 2020 година.
Сега терминалот е дел од сообраќајниот јазол „Черкизово“, кој ја опфаќа метро-станицата, станиците на Московскиот централен прстен (МЦК) и станиците на останатите видови градски сообраќај.
Новата станица има чекалница со 200 места и УСБ-полначи, автоматски гардероби за чување багаж, бизнис-сала и food court зона.
Бизнис-салата е на катот на терминалот додека чекалницата и билетарниците се на приземјето.
„Ова е голем комплексен проект кој секако ќе има големо влијание врз сообраќајната состојба не само во овој реон туку и во цела Москва“, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
Последната железничка станица изградена во Москва пред оваа е „Киевската“.
Таа е отворена во 1918 година. Најстарата железничка станица во градот е „Ленинградската“. Таа е во функција од 1851 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче