Единствената руска железничка станица во стилот на конструктивизмот доби нов изглед

Андрей Сафонов/visitivanovo.ru
Станицата неодамна беше реновирана, со што ѝ се вдахна нов живот, со задржување на историската автентичност.

Железничката станица во стилот на конструктивизмот е изградена 30-тите години на минатиот век во градот Иваново (300 км североисточно од Москва). Позната е како единствената голема станица во Русија во конструктивистички архитектонски стил.

Конструктивистичката архитектура во прв план ја става практичната употребна страна на градбата. Секој елемент на целината треба да ѝ служи на својата намена. Меѓутоа, старата железничка станица со текот на времето ја загуби својата автентичност затоа што повеќе пати трпеше различни градежни интервенции. Исчезнаа оригиналните прозорци, се појавија нови столбови, а големиот хол е поделен на два помали.  

Старата зграда на тој начин доби запуштен и дотраен изглед.

Старата и страшна градба: 

Во 2018 година историчарите и архитектите се здружија во заеднички потфат за враќање оригиналниот изглед на станицата со делумна модернизација и ревизија.

Финалниот проект на тој начин беше резултат на компромис: новиот дизајн ги користеше оригиналните конструктивистички идеи на првите автори на зданието, внесувајќи исто така модерни архитектонски решенија и трендови.

На пример, архитектите пред зградата предвидоа повеќе место за пешаци, намалувајќи го приодот за моторни возила. Исто така, во редизајнираната станица постојат подобри рампи за лица со инвалидитет, како и пофункционален влез.

Фасадата е исто така целосно реновирана. Иако го задржа првобитниот конструктивистички стил, освежена е со елементи на боја и осветление и модернизирана е во однос на некогашниот изглед.

Дизајнерите исто така ги заменија столчињата во главниот хол со клупи кои се наоѓаа тука и во оригиналниот проект, со додавање на штекери за струја.

Во главниот хол столбовите се декорирани со специфичен дезен, а подот е потполно обновен.

Во холот е поставен и машински разбој како декоративен елемент и симбол на градот.

Машинскиот разбој: 

Советските мурали се реставрирани во својот оригинален изглед, вклучувајќи ги српот и чеканот, познатиот советски симбол на пролетерската солидарност. Иако тој повеќе не се користи во модерна Русија, дизајнерите го задржаа како автентичен елемент на оригиналната железничка станица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња