„Теренецот научи да го вози многу одамна. Кога станува збор за возачкиот испит за тој џип, не можам точно да ви кажам, едноставно немам информација. Ќе морам да прашам“, изјави Песков, одговарајќи на прашање за тоа кога Путин научил да вози теренец и дали го има положено возачкиот испит за таа категорија.
Портпаролот на Кремљ исто така беше замолен да каже нешто и за облеката на претседателот и министерот на одмор во Република Тува во Сибир, родниот град на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кога двајцата носеа валенки и кожуви од јагнешка кожа. „Знаете дека во Сибир не се оди во панталони, чевли и капут и дека е потребна сибирска опрема за тоа“, одговори тој, потврдувајќи дека станува збор за облека од домашно производство.
Меѓутоа, тој не можеше да одговори на прашањето дали Путин и Шојгу посетиле сибирска парна бања. Зборувајќи за наместената трпеза за гости, на која освен чај имаше и кисели краставички и сланина, Песков објасни: „Тие таму, меѓу другото, и јадеа, тоа е токму дел од трпезата“.
Путин го помина минатиот викенд во сибирската тајга, која инаку ја претпочита како место за одмор, во друштво на министерот за одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче