На Далечниот Исток на Русија никнаа „ледени печурки“ (ФОТОГРАФИИ)

Патувања
RUSSIA BEYOND
Една брана во Амурската област понекогаш се украсува со неверојатни заледени дрвја кои се создадени целосно од природата.

Реката Буреја на Далечниот Исток на Русија е притока на реката Амур и има цела каскада од брани со хидроцентрали.

Секоја зима браната Буреја добива интересни ледени форми што личат на џиновски печурки!

Тајната зад мистеријата е едноставна: кога станицата обработува масивен воден обем од браната, нивото на водата брзо опаѓа. Во исто време, кога водата истекува, дрвјата замрзнуваат поради ниските температури. Силните ветрови тогаш им ги даваат на замрзнатите дрвја овие специфични форми.

Погледнете ја „најубавата земја“ во објективот на аматерски фотографи