Конкурсот за избор на најубави фотографии на Русија под називот „Најубавата земја“ Руското географско друштво го организира од 2015 година. Секоја година илјадници фотографи испраќаат снимки направени со скапи камери, но и со најобични паметни телефони. Жирито ги оценува работите во десет категории, од прекрасни пејзажи до необични сцени од дивата природа. Погледнете ги фотографиите што пристигнаа први во 2021 година. .
Девојче со мече. Фотографијата е снимена во Јамало-Ненецкиот автономен округ на Тазовскиот полуостров минатата година.
Олга Александрова е авторка на популарен блог за животни на Тајмир. Ги фотографира во најнеобичните можни ситуации. Овој арктички сокол е внесен во Црвената книга на загрозени видови.
Светилникот на ‘ртот Анива е една од најпознатите знаменитости на островот Сахалин. Се наоѓа на границата на Охотското море, оковано од мраз, и топлиот залив Анива.
Поларната светлина фотографирана ноќта меѓу 7 и 8 февруари во Мурманската област. На фотографијата е стариот, заборавен брод ПКЗ-112 во заливот Пала.
Радијално искачување на врвот Тумрок на Камчатка. Патот оди преку гребен, понекогаш под помал агол и широки, а повремено со тесни и вртоглаво стрмни падини. Ваквиот поход се смета за далеку најкомплицираниот.
Фотографијата од оваа лисица незадоволна од снегот е направена во Иљменскиот резерват на природата во Челјабинската област минатата година. Лисиците кои живеат на северот на Русија се покрупни и имаат поинтензивна боја на крзното.
Во текот на зимата Бајкалското езеро станува вистинско царство на мразот во најразлични форми и бои. Погледнете само каква е таа убавина. На нашиот портал претходно беше објавен текст посветен на феноменот на мразот на Бајкалот.
Падините на Елбрус во Кабардино Балкарија се едно од најубавите места за сликање на изгревањето и заоѓањето на сонцето. Фотографијата е направена од висина од околу 4200 метри со поглед на Чегет зад кој веќе се гледаат планинските врвови на Грузија.
Не, не гледате двојно. Тоа се едноставно два бува кои добро се скриле еден зад друг. Фотографијата е направена во градот Мајкоп во Адигеја.
Зимска бајка во националниот парк Таганај на Јужен Урал. Фотографијата е снимена 2020 година.
Вистинска зимска фотографија од село во Мурманската област, во близина на градот Апатиди.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче