Црковна литија оди од Спаскиот манастир (Костомаровск, Вороњешка област) до светиот извор на реката Дон.
Сергеј СмирновМанастирот на свети Јован Богослов (Чердињ, Пермска област). Чердињ е еден од најстарите центри на православието во Русија. Манастирот е основан во 15 век, а обновен е 2003 година. Првите години по обновата во манастирот имаше многу малку монаси, недостасуваа пари, а работа имаше многу. За да опстане, манастирот ги примаше сите кои сакаа да останат, вклучувајќи и бивши затвореници.
Сергеј СмирновУспенскиот Трифонов манастир (Пермска област). Се наоѓа на реката Чусова. Основан е во 1997 година. Првиот манастир на ова место го основал свети Трифон Вјатски во 1572 година на земјиште кое му припаѓало на семејството Строганов. Токму од ова место (од градот Чусовој) после изречената молитва атаманот Јермак Тимофејевич тргнал во 1581 година да го покори Сибир и да го припои кон Русија.
Сергеј СмирновБородичниот-Табински манастир (Красноусољск, Башкирија). Се наоѓа на падините на Уралските планини на реката Усолка. Првиот манастир на ова подрачје бил основан во 1597 година. На фотографијата е сестрата Стефанида со својата мачка. Стефанида има завршено музичка академија и пее во манастирскиот хор.
Сергеј СмирновОвој современ манастир основан е во 1997 година недалеку од санаториумот „Красноусољск“. Местото е познато по изворите на лековита минерална вода. Во позадината се светиот извор на реката Усолка и зградите на манастирот.
Сергеј СмирновТолшевскиот манастир на Преображението Господово (Вороњешка област). Основан е во средината на 17 век. Во периодот 1768-69 овде во самотија живеел свети Тихон Задонски Чудотворец. Манастирот се наоѓа во шумски резерват на бреговите на реката Усманка (дел од Вороњешкиот државен резерват на биосферата) и обновен е како манастир во 1994 године.
Сергеј СмирновСвештеникот Сергеј Смирнов во една од селските цркви во Вороњешката област. Неговите синови трчат во црквата штом се огласат ѕвоната. Како ученик и студент по економија отец Сергеј често ги посетувал манастирите заедно со својот татко. Овие патувања, како и средбите со монасите, влијаеле на одлуката на Сергеј по дипломирањето да се запише на Вороњешката православна богословија.
Сергеј СмирновМанастирот на свети Јован Богослов (Чемал, Алтајски планини). Воденицата и црквата во Чемал ја подигнало во 1849 г. Православната алтајска духовна мисија, кое имало за цел да го проповеда христијанството меѓу староседелското население на Алтај.
Сергеј СмирновДрвената црква на островот Патмос на реката Катуњ. Стамбените простории и земјоделските згради се наоѓаат во шумовитиот предел на левиот брег. Островот е поврзан со копното со висечки мост. Сестрите секој ден го обиколуваат манастирот носејќи икона.
Сергеј СмирновНиколаевскиот Белогорски манастир (Пермски крај). Манастирот е основан во 1897 година, за да можат староверците да ја извршуваат својата мисионерска дејност. Обновен е во 1990 година. На фотографијата јеромонахот Алипиј разговара со еден од монасите недалеку од изворот на свети Николај Чудотворец.
Сергеј СмирновПовеќедневно верско поклонение во Вороњешката област. После вечерата, водачот на групата поклоници, јеромонахот Тихон, одговара на прашањата на присутните.
Сергеј СмирновСерафимо-Покровскиот манастир (Ленинск-Кузњецки, Кемеровска област). Современ манастир. Игуманијата Марија во своите службени одаи.
Сергеј СмирновУспенскиот и Свето-Георгиевски манастир „Света грмушка“, Башкирија. Манастирот е основан во 1901 година. Обновен е во 1997 г. како машки манастир. Опкружен е со шуми, ливади и риови и се наоѓа далеку од населени подрачја.
Сергеј СмирновМанастирот во голема мерка се издржува со приходите од сточарство. Монасите чуваат крави, коњи, кокошки и пчели. Имаат и земјоделски машини, како и мал вештачки рибник. Планинската клима е многу променлива и братството на манастирот мора да побрза со собирањето на сено пред да започнат дождовите.
Сергеј СмирновОтец Николај, старецот на Уфимската епархије, го посетува манастирот да одговори на прашањата на работниците. Мирјаните често го поминуваат времето во манастирот. Целта на нивната посета е несебичната желба да помогнат на манастирското семејство. Покрај тоа, на луѓето честопати им е потребна духовна помош и поддршка или патоказ во потрагата за нови погледи на животот.
Сергеј СмирновПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче