Секоја година фотографи на природата од целата земја учествуваат во фестивалот на недопрената природа „Првобитна Русија“. Тие претставуваат крајно ретки фотографии на споменици на природата во Русија од листата на наследство на УНЕСКО, како и уникатни фотографии на заштитени животински видови во дивина. Еве ги најдобрите фотографии за 2020 година.
1. Женка на снежен був се враќа во гнездото по неуспешен лов, Островот на Врангел.
Алексеј Безруков
2. Мечка во Долината на гејзерите во Камчатка.
Игор Шпиленок
3. Почеток на миграцијата на ирваси на Платото Путорана.
Сергеј Горшков, добитник на главната награда на натпреварот „Wildlife photographer of the year“ за фотографијата на амурски тигар „Прегратка“
4. Долната клисура на Шчугор.
Елена Шубницина
5. Пеликани на исток од Уралските планини.
Олег Пантелеев
6. Распеани карпи – Синските столбови во Јакутија.
Алексеј Харитонов
7. Сињаја (јакут. Сиине), река во Јакутија, лева притока на Лена. Споменикот на природата „Сински столбови“.
Сергеј Газетов
8. „Таму каде што спие Змејот“ – Камчатка. Река од зажарена лава по ерупција на вулканот Толбачик.
Денис Будков
9. Кристални брегови.
Андреј Гачов
10. Бајкалска фока, вид што живее само во Бајкалот.
Андреј Сидоров
Изложбата „Првобитна Русија“ ќе биде одржана во Државниот музејско-изложбен центар РОСФОТО од 9 ноември до 6 декември 2020 година.