Најдобрата фотографија од дивина на светот за 2020 година е снимка на амурски тигар од Русија

Sergey Gorshkov, Wildlife Photographer of the Year/Natural History Museum
Русија првпат победи на најголемиот конкурс за фотографија на дива природа на светот. Снимката под назив „Преграткаˮ го прикажува моментот кога амурски тигар, инаку загрозен вид животни, гушка стара ела за да го обележи дрвото со својот мирис. Сергеј Горшков со поддршка на професионалните водичи од „Земјата на леопардот“ ја направи фотографијата со помош на камера со сензор за движење.

Според оцената на англискиот музеј за природна историја најдобрата фотографија од дивина за 2020 година е снимка на амурски тигар од националниот парк „Земјата на леопардот“ во Приморскиот крај на Русија. Фотографијата ја направи рускиот фотограф Сергеј Горшков, освојувајќи ја титулата „Фотограф на годината во дивинаˮ (Wildlife Photographer of the Year).

На снимката тигрицата, која низ гранките на дрвјата ја осветлува сонцето, стои на задните шепи и го гушка дрвото. Очите ѝ се затворени, устата развлечена во блажена „насмевка“, а главата потпрена на стеблото. Амурските тигри се наоѓаат во опасност од исчезнување, но оваа мачка е мирна. Таа покажува дека се чувствува пријатно во националниот парк „Земјата на леопардот“, каде што природата успешно се чува: и тигрите, и далекоисточните леопарди.

Сергеј Горшков на совет на стручњаците од „Земјата на леопардот“ ја постави камерата до дрвото со мириси, крзно на тигар и траги од канџи. Благодарение на заедничкиот труд и со поддршка од организацијата „Далекоисточни леопардиˮ добиена е снимка на тигрицата под бројот T 41F, која научниците ја препознаа врз основа на неповторливите шари во базата на податоци на националниот парк.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња