Завршен Кримскиот мост!

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската Федерална сообраќајна агенција даде дозвола за воведување во сообраќај на железничкиот дел на Кримскиот мост.

Сообраќајот премин преку Керчскиот теснец го оцени комисија составена од претставници на договорниот орган, изведувачот на работите, градежната контрола и авторската инспекција, пренесува „Росијскаја газета“.

На 24 декември мостот ќе биде предаден на надлежното претпријатие. Мостот ќе го користи „Кримската железница“.

Претходно „Ростехнадзор“ соопшти дека работите на железничкиот дел од мостот се официјално завршени. Првиот патнички воз до Крим кој ќе помине по новиот мост тргнува од Санкт Петербург на 23 декември.

Погледнете како двокатен воз поминува преку Кримскиот мост