Видеото е објавено на групата „Керченски мост“ на социјалната мрежа ВКонтакте.
Од прес-службата на „Кримски железници“ објаснија што има на видеото.
„Тоа е пробно возење за персоналот на локомотивата“, рече помошникот на генералниот директор на „Кримски железници“ Евгениј Полончук.
Познато е дека новиот возен парк „Кримски железници“ почнаа да го добиваат уште во октомври годинава. Тогаш Крим доби седум дизел-локомотиви ТЭП 70 БС и три електрични локомотиви ВЛ-10. Исто така, пред почетокот на патничкиот сообраќај преку мостот, на „Кримски железници“ ќе имаат 166 нови вагони, вклучувајќи вагони на кат, вагони со купе и спални вагони. Сите вагони се произведени во Тверскиот завод.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче