Во кримската пештера „Таврида“ пронајдени уникатни остатоци од праисториски животни

Скриншот

Скриншот

Youtube
Во кримската пештера „Таврида“ научниците открија преку 20 видови праисториски цицачи и шест видови птици, соопшти Дмитриј Старцев, постар научен соработник и водечки методичар во Зоолошкиот музеј „М. И. Глобенко“ на Кримскиот федерален универзитет „В. И. Вернадски“.

Според него, во тек е изградба на федерален автопат на подрачјето каде што се наоѓа пештерата и поради тоа не се вршат систематски ископувања. Научниците сега интензивно работат на материјалот што беше ископан првите месеци по откривањето на оваа пештера минатата година, пренесува агенцијата РИА „Новости“.

„Со помош на материјалите што ги собравме опишавме преку 20 видови цицачи и шест видови птици“, рече Старцев.

Меѓу другото, палеонтолозите опишаа џиновски ној, камила која е 50% поголема од денешните и еласмотерија - огромен носорог со висок рог на челото. Носорогот бил висок два и пол метри, долг пет метри и тежок 4-5 тони.

Научниците исто така открија дека во пештерата живееле грабливци, меѓу кои и џиновска хиена, сабјозаби мачки, волци, лисици и мечки.

„Таму, во различни периоди, а можеби истовремено, имало куп разни грабливи ѕверови. Тие и придонеле за натрупувањето на остатоците од други животни. Повеќето од коските се гризени и гребани. Таму не може да се најде цел скелет, сето тоа се остатоци од храна“, истакна Старцев.

Тој прецизираше дека се работи на утврдување на староста на ископините, но веќе се претпоставува дека тие се стари околу 1,5 до 2 милиони години. Самата пештера настанала пред 5-7 милиони години.

Покрај тоа, научниците открија во близина на кримската пештера појави кои упатуваат на постоење на други подземни шуплини.

Според претседателот на советот на Рускиот сојуз на спелеолози Генадиј Самохин, на таков заклучок упатуваат геофизичките истражувања.

„Судејќи по добиените податоци, најверојатно таму постојат и други шуплини, т.е. големи и засега непознати галерија на истиот систем. Добиената слика по аналогија со откриената пештера им дава на научниците основа за претпоставка дека постои голема веројатност за постоење на други шуплини“, рече Самохин.

Тој истовремено истакна дека пештерата може да биде и неколку пати подолга од она што е сега познато.

„Убеден сум дека допрва ќе пронајдеме многу голема мрежа на шуплини и дека пештерата не е долга 1300 метри туку десетина километри. Тоа е најверојатно, а можеби е дури и подолга. Тоа е голема пештера чие откривање е пред нас и ние ќе ја откриеме“, рече рускиот спелеолог.

Уникатниот пронајдок се, исто така, и фосфатните минерали. Претходно пештерата ја користеле лилјаци. При распаѓањето на нивните остатоци во допир со ѕидовите на пештерата се формирала тенка минерална кора.

„Сето тоа сѐ уште се развива тука. Ние се обидуваме да ги објасниме процесите кои се во тек. Сè уште не ни е познато сè што се однесува на минералогијата. Ова е уникатна појава“, рече Самохин.

Тој додаде дека пештерата долго била конзервирана и дека поради тоа минералите се добро сочувани.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња