Три пати поголема од ној: Руски палеонтолози на Крим пронајдоа фосилни остатоци на џиновска птица

Сликата е симболична.

Сликата е симболична.

Global Look Press
Руските палеонтолози на Крим пронајдоа остатоци од досега најголемата птица на северната хемисфера.

Научниците од Палеонтолошкиот институт „А.А. Борисјак“ на Руската академија на науки од Москва открија на Крим остатоци од птицата Pachystruthio dmanisensis која била тешка преку 450 килограми. Се работи за најголемата птица која било кога ја населувала северната хемисфера, се наведува во статијата објавена во журналот Journal of Vertebrate Paleontology.

Pachystruthio dmanisensis живеела пред 1,5 до 1,8 милиони години, во раниот плеистоцен, како и првобитниот човек. Птицата која не летала била трипати поголема од современиот африкански ној. Тежела преку 450 килограми, и како таква е најголемата птица која кога било ја населувала северната хемисфера. Иако тешка, трчала релативно брзо за разлика од другите големи птици, што се објаснува со тоа што за разлика од островските џинови била населена во континентални услови заедно со плеистоценските грабливки, какви што биле, меѓу другото, џиновската хиена или сабјозабите мачки. Инаку, на јужната хемисфера научниците пронајдоа остатоци од птицата Vorombe titan тешка преку 640 килограми.

Еволуцијата на птицата Pachystruthio dmanisensis чии остатоци се пронајдени на Крим не е јасна до крај. Најстарите коски на претставниците на оваа еволутивна линија потекнуваат од постарите плеистоценски наслаги во Закавказјето и Турција. Така овие џинови, несомнено, дошле на северното прицрноморје преку Кавказ, на ист начин како и првобитните луѓе. Појавата на протоптици на Крим се случува во време кога во предкавказјето и јужните подрачја на источна Европа климата била сува и степите широко распространети. Нивното подоцнежно изумирање кон средината на плеистоценот тешко би можело да се поврзе со човековата активност, туку повеќе би можело да биде последица на промените во животната средина, во голема мера условени од промената на климата.

Фосилните остатоци од џиновски птици беа пронајдени во пештерата Таврида, која беше откриена минатата година при изградбата на автопатот. Истражувачите во пештерата открија остатоци бедрени коски на птици, како и остатоци од јужен мамут, еласмотериум, изумрени претставници на семејството елени, коњи, кучиња, сабјозаби мачки, џиновски гепарди и хиени.

Сите пронајдени животни живееле во исто време, наведоа истражувачите.

Прочитајте повеќе: Руските научници пронашле крв во течна состојба во труп на коњ кој во мраз минал 42 илјади години

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња