Македонија во 53 земји чии граѓани сега можат да влезат во најазападната област на Русија со е-виза

Getty Images
Станува збор за Калининград; визата е бесплатна и важи до осум дена.

На 1 јули руското Министерство за надворешни работи одобри влез во Калининградската област со електронска виза, се вели на веб-страницата на дипломатскиот ресор.

За да аплицираат за виза, потенцијалните посетители треба да пополнат апликација на веб-страницата на конзуларното одделение на руското Министерство за надворешни работи и да приложат фотографија. Апликацијата може да се направи не подоцна од четири и не порано од 20 дена пред очекуваниот датум на влез. Визата се издава за четири дена, без оглед на празниците и викендите.

Визата се издава за 30-дневен период за престој во областа не подолг од осум дена. Целта на патувањето може да биде туризам, бизнис или хуманитарни причини. Меѓутоа, визата не важи за патување во други делови на Руската Федерација. Таа ги покрива само градот и Калининградската област, која претставува руска енклава меѓу Полска и Литванија, одделена од остатокот на Русија.

До 4 јули беа поднесени повеќе од 2000 барања за е-виза за Калининград, изјави Ала Иванова, шеф на регионалната агенција за меѓународни и меѓурегионални односи.

Постои идентичен режим за електронска виза за влез во Владивосток, преку копнени и поморски контролни пунктови. И од 1 септември 2018 година, шемата се прошири и на аеродромите ширум целиот Далекоисточниот федерален округ.

Листа на земји чии граѓани можат да аплицираат за е-виза за Калининград:

1. Австрија

2. Андора

3. Бахреин

4. Белгија

5. Бугарија

6. Ватикан

7. Унгарија

8. Германија

9. Грција

10. Данска

11. Индија

12. Индонезија

13. Иран

14. Ирска

15. Исланд

16. Шпанија

17. Италија

18. Катар

19. Кипар

20. Кина (вклучително и Тајван)

21. Народна Демократска Република Кореја

22. Кувајт

23. Латвија

24. Литванија

25. Лихтенштајн

26. Луксембург

27. Малезија

28. Малта

29. Мексико

30. Монако

31. Холандија

32. Норвешка

33. Оман

34. Полска

35. Португалија

36. Романија

37. Сан Марино

38. Саудиска Арабија

39. Северна Македонија

40. Србија

41. Сингапур

42. Словачка

43. Словенија

44. Турција

45. Филипини

46. Финска

47. Франција

48. Хрватска

49. Чешка Република

50. Швајцарија

51. Шведска

52. Естонија

53. Јапонија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња