Древна мистериозна шума се појавува од Балтичкото море недалеку од руски Калининград

Александар Подгорчук/klops.ru
Велигденските ветрови беа причината при осеката да се откријат во песокот древните стебла.

Остатоци од мистериозна стара шума се пронајдени во Куршскиот национален парк (1230 километри западно од Москва, недалеку од Калининград) откако осеката се повлече повеќе од вообичаеното. Дрвјата се стари неколку стотици години.

Обично морето не се повлекува толку далеку на овој дел од брегот на Балтичкото море, но поради велигденските ветрови неодамна поголемиот дел од брегот беше откриен. Сепак, наскоро со оваа морничава шума повторно ќе завладее водата.

Прочитајте повеќе: Сеништа на минатото: Проклети места во Калининград

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе
Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња