Дали би се осудиле да пресечете некое од слатките ремек-дела на оваа Русинка? (Фото)

Elena Gnut, Freepik
Како една убава слаткарка од Калининград го претвори пецивото во висока уметност.

Елена Гнут може да се пофали не само со прекрасни торти, туку и со лицето и ставата. Бројот на нејзини поклоници на „Инстаграм“ ја надмина бројката од 250000.

Елена признава дека обожава благо. Може да остане и без ручек и без вечера, но не и без благо. За својата фигура не се грижи, благодарение на природните предиспозиции и спортот.

Завршила сликарска школа, но и сфатила дека нема доволно трпение да стане сликар. Се пробала во дизајн на ентериери, но ни тоа не ѝ одговарало.

Еднаш нејзиниот маж нашол во некој книга „рецепт на среќата“. Треба само да се сетите кој што сакал да прави во детството. „Се сетив дека сакав да правам колачи. Тргнав на часови по готвење, а потоа сфатив дека е време да почнам нешто свое. Продолжив да експериментирам дома“, вели Елена.

„Благодарна сум им на родителите што ми овозможија да завршам сликарска школа. Во правањето на тортата најмногу го сакам сликањето врз нив“.

Првото свое слатко уметничко дело Елена го направила за годишнината на бракот на родителите, а потоа почнала да прави торти по нарачка. Тортите на Елена може да се порачаат и јадат во една слаткарница во Калининград.

Во подготвувањето на тортите ѝ помагаат неколку луѓе, вклучувајќи ја и мајка ѝ. Ќеркичката Катја исто така сака да шара по тортите.

„Сакам да правам фигури и цртежи, да раскажам на тортите некоја волшебна приказна“, вели Елена.

Но, ја сака и сивата боја. Можеби затоа нејзините детски торти понекогаш изгледаат многу „возрасно“.

Омилената тема на Елена е зимата со зимските празници.

Тортите не се секогаш за деца. За првиот човек на гратчето Јантарни во Калининградската област Елена направила торта со ликот на германскиот филозоф Имануел Кант.

Во последно време оваа руска слаткарка често ја канат на семинари во различни градови на Русија, Азија, Европа и Америка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња