Калининград.
Strelka KBОва го соопшти сајтот на градската администрација.
Се истакнува дека идејата за изградба на споменикот им припаѓа на градежниците кои ја вршеа реконструкцијата на мостот и го открија сомот при проверката на столбовите на почетокот на градежните работи. Споменикот ќе се појави по реконструкцијата на мостот. Новата градска атракција ќе биде извајана од страна на професионален скулптор.
Градот веќе објави конкурс за најдобра творба. Првите 10 трудови веќе се примени.
Во јули 2016 година градежниците на мостот изјавија дека во текот на подводните работи наишле на огромен сом тежок околу 200 килограми и кој им пречи да работат и ги плаши нуркачите.
Како одговор на поплаките на градителите, тогашниот губернатор Николај Цуканов изјави дека „на лошиот танчар вечно нешто му пречи... Овој пат сом... Штом толку се плашат од сом, јас сакам подводен риболов, ќе ги земам оружјето, своите другари и ќе појдеме и ќе го исплашиме тој сом штом им е толку страв“. Според легендата на веб-страницата на градската администрација, сомот потоа отпливал во Санкт Петербург, пишува newsru.com.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче