„Небесниот мост“ во Сочи втор на листата на најспектакуларни пешачки мостови на светот

Legion Media

На листата на најспектакуларните пешачки мостови во светот, во избор на CNN Travel, Skybridge (Небесниот мост) во Сочи се најде на второто место, се наведува на страницата на овој британски канал.

Првото место го зазеде Peak Walk by Tissot во Швајцарија, единствениот мост што поврзува два планински врва, додека на третото место се најде Aiguille du Midi во Франција.

„Скајбриџ“ е еден од најдолгите висечки пешачки мостови во светот (439 м). Од 2014 година се издига на височина од 207 метри над реката Мзимта, што го прави идеален за банџи-скокови. Може да издржи тежина на 3000 луѓе, земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтер и урагани, а од мостот се пружа импресивен поглед на Кавказот и на брегот на Црното Море.

Проектирањето на мостот и испитувањата траеја цели три години, а неговата изградба две. Конструкцијата на „Скајбриџ“ е, на многу начини, уникатна. За изградба се потрошени 740 тони метал, 2000 кубни метри бетон и километар и половин титаниумски анкери. Тука првпат е применето специфично решение за инсталација на сајлите кое овозможи конструкцијата да биде многу сигурна и при силен ветер.

За евентуални скокови во „амбис“ на мостот постојат две платформи. За најхрабрите е поставена на висина од 207 метри, додека пониската, наречена „фристајл“ се наоѓа на височина од 69 метри.

Прочитајте повеќе: Планински реки и водопади покрај Сочи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња