Првиот патнички воз по железничката делница на мостот преку Керченскиот теснец ќе помине на 8 декември 2019 година. Билети за возење со возот од континентална Русија до полуостровот ќе можат да се купат три месеци претходно, од 10 септември, пренесуваат руските медиуми.
Ова на тркалезната маса во рамките на петтата по ред Меѓурегионална изложба на претпријатијата од туристичката индустрија „Крим, сезона 2019“ го кажа Владимир Резниченко, раководител на управата за патнички услуги на „Кримска железница“. Додаде и дека билетите за возовите за далечните дестинации ќе се продаваат на Крим на 22 локации: на сите главни железнички и станици од регионално значење, како и во Јалта и Судак.
Овие возови ќе го поврзуваат Крим со повеќе од десет руски градови. Најзастапени се линиите од Москва и Санкт Петербург. А меѓу нив се Петербург - Севастопол, Москва - Симферопол, Петербург - Феодосија, Москва - Евпаторија, Кисловодск - Севастопол и др.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче