Кримското одмаралиште Mriya Resort & SPA, против кое САД воведоа санкции, го освои престижното светско признание во сферата на угостителството и туризмот World Travel Awards во три категории.
Ова одморалиште беше ѕвезда на церемонијата, затоа што од сите хотели на светот освои најголем број награди. Кримскиот хотел победи во категоријата „Најдобар светски хотелски комплекс за одмор”, „Водечко светско одморалиште со вили од делукс класа” и „Водечко светско семејно и бањско одморалиште од делукс класа”, пренесуваат медиумите.
„Тоа е првиот и единствен комплекс во Русија кој освои светски награди две години по ред“, соопшти прес-службата на Министерството за одморалишта и туризам на Крим.
Во ноември 2018 година против комплексот Mriya Resort & SPA беа воведени американски санкции, како и против осум правни и три физички лица. Меѓутоа, раководството на хотелот тврди дека санкциите само го кренале рејтингот на хотелскиот комплекс во медиумите. Бројот на публикации за хотелот нагло порасна, што влијаеше на зголемување на бројот на гости.
Наградата World Travel Awards е основана 1993 година во Лондон. Победниците ги избираат професионално жири и корисниците во неколку фази врз основа на голем број критериуми: квалитетот на услугите, задоволството на гостите, развиеноста на инфраструктурата, безбедноста итн. Во 2018 година во натпреварувањето учествуваа преку 5 илјади туристички објекти од 199 земји во светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче