3 странски фотографи кои ја покажуваат необичната страна на Русија

Им припаѓаат на различни стилови и доаѓаат од различни средини, но заедничко им е едно нешто – Русија е нивната муза!

Работите на фотографите беа изложени во ноември оваа година во Санкт Петербург во склоп на фотографскиот натпревар „Живеам во Русија“.

Ендрју Меконел, Ирска

Што се случува на космодромот Бајконур кога ракета ќе полета во вселената? Ирскиот фотограф Ендрју Меконел веќе три години го фотографираа животот зад кулисите на единствениот космодром на светот од кој астронаутите полетуваат за Меѓународната вселенска станица.

Неговата серија под назив „Враќање“ ги прикажува мештаните кои го набљудуваат полетувањето и слетувањето на космонаутите. Казасите се потомци на номадите кои со векови живееле во степите.

Иако се наоѓа во Казахстан, Русија ќе го користи Бајконур до 2050 година.

Низ објективот на камерата на Ендрју Меконел ова подрачје како да е на друга планета. „Проектот има три главни теми: човештвото, минатото и нашето место во светот, нашата судбина како поединци“, вели авторот.

Јан Лаубшер, Швајцарија

Патувањето со Транссибирската железница од Москва до Владивосток е прекрасно нешто, но малкумина се оние кои се доволно храбри да ги истражат вистинските дивини на Сибир, Камчатка и Урал како што тоа го прави швајцарскиот фотограф Јан Лаубшер.

Во серијата фотографии „Повик“ гледаме шуми, реки, планини, калливи патишта и урнати куќи, фасцинантно богатство на автентичен пејзаж.

Во неговата серија главната улога ја играат портретите на обичните луѓе.

Секој портрет е природен и искрен. Овие луѓе нема да ги видите во големите градови и токму тие се вистинското лице на Русија.

Педро Кирос, Шпанија

Русија има и гламурозна страна. Шпанецот Педро Кирос сними своевидни разгледници на рускиот главен град под убаво светло и по прекрасно време, како и ноќниот живот, младоста и движењето на масите.

Како луѓето во Москва си го поминуваат времето? Како се забавуваат и како работат?

Педровите фотографии одговараат на овие прашања. Шпанецот дури и снимаше руски политичари како премиерот Дмитриј Медведев и московскиот градоначалник Сергеј Собјанин.

Погледнете ги и најдобрите фотографии од Русија снимени последнава деценија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња